• сабота, 23 ноември 2024
МИА Најави МКД

23 октомври 2024

Рига – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши ќе учествува на Третиот парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа, што ќе се одржи во Рига, Република Латвија.   

Скопје – Свечена академија по повод 23 Октомври – Ден на Македонската револуционерна борба под слоганот „Завет кој обврзува“ на која свое обраќање ќе има претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски. (Музеј на македонската борба за самостојност/ 13:00)

- Владина делегација ќе положи свежо цвеќе. (пред Споменикот „Основачите на ВМРО“, во паркот „Жена борец“ во Скопје/ 11:00)

Скопје – По повод 23 Октомври - Денот на Македонската револуционерна борба, Собраниска делегација составена од потпретседателот Антонијо Милошоски и пратеничката Емилија Ангелова, ќе положи венец свежо цвеќе. (пред Споменикот „Основачи на ВМРО“ во Паркот „Жена борец“ во Скопје/ 11:00)

Скопје – Наградата „23 Октомври“ за 2024 година за долгогодишни остваруваа во областа на науката, културата, образованието, заштита на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-искориското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија ќе му биде врачена на Славе Димоски, поет. (Собрание на Република Северна Македонија, Кристална сала/ 12:00)

Скопје – Прес-конференција на Претседателството на проектот за „Стоп на политичкиот прогон“. 

Скопје – Промоција на книгата „ОНА – терористичка паравојска во Македонија“ (второ дополнето издание) од проф. Иван Бабановски. (во салата на х. „Турист“ спроти новата црква на ул. „Македонија“/ 11:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан