• среда, 16 октомври 2024
МИА Најави МКД

15 октомври 2024 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. (Сала 4/11:00)

Скопје - Седница на Законодавно правна комисија. (Сала 6/13:00)

Скопје - Средба на Комисијата за здравство со претставници од Вестминстер фондацијата за демократија и претставник од Британскиот парламент. (Сала 5/13:00)

Скопје - Средба на Комисијата за одбрана и безбедност со претставници на Институтот за европска политика - ЕПИ. (Сала „Борис Трајковски“/13:00)

Скопје - Работна средба на Клубот за младински прашања и политики со Здружението на граѓани „Младински образовен форум (МОФ)“. (Сала на Уставна комисија/13:00)

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска, раководителот на Секторот за соработка при Делегацијата на Европската Унија Стефан Худолин, раководителот на Германската развојна банка за Југоисточна Европа (KFW) Клаус Милер ќе се обратат на прес-конференција во врска со прогресот на активностите во рамки на проектот на Министерството за образование и наука за реконструкција на државните студентски домови. (Европска куќа/10:00, посета на студентскиот дом „Кузман Јосифовски - Питу“/10:30) 

Истанбул - Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески ќе учествува на Евро-азискиот Самит на тема „Колаборативен пристап за климатска акција“, во организација на Светската коморска федерација (World Chambers Federation – WCF) и Унијата на комори и стокови берзи на Турција (TOBB).

Тетово - Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу и градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу ќе одржат средба со претставници од Албанската академија за наука и уметност. (Општина Тетово, сала за состаноци/12:00, изјави за медиумите по завршување на средбата)

Битола - Трибина на тема „Родовата еднаквост на руралните жени: Подобрување на економскиот статус“ на која ќе се зборува за предизвиците и можностите за економското зајакнување на жените во руралните средини по повод Меѓународниот ден на руралната жена во организација на Националната федерација на фармери (НФФ). (р. „Империјал гарден“ во село Дихово/12:00, изјави за медиумите/11:30)

Скопје - Отворање на Саемот за пракса и вработување на Машинскиот факултет. (Хол на Машински факултет,УКИМ/12:00, изјави за медиуми се предвидена/11:45)

Скопје - Свеченото отворање на МФФ Киненова 2024 со премиера на македонскиот долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“. (МКЦ/20:00)

Штип - Семинар на тема „Италијанската поезија од почетокот на дваесеттиот век меѓу симболи и содржини“ предводен од Марио Де Роза. (Универзитет „Гоце Делчев“/11:00)

Скопје - Прес-конференција по повод претставување на нов оддел Центар за мајка и бебе на Клиниката Жан Митрев. (Простории на Клиника Жан Митрев/12:30) 

Куманово - Стручен состанок „Една вакцина за сите“ наменет за матични лекари, педијатри и гинеколози. (ресторан Грација/14:00)

Битола - Прес-конференција за театарската претстава „Куфер.МК“. (Народен театар-Битола/10:00)

Скопје - Промоција на книгата „Слова за македонскиот непокор“ од Љупчо Коцарев. (Мултимедијален центар „Матица Ексклузив“/12:00) 

Скопје - Прес-конференција  по повод отворањето на новата сезона во Националната опера и балет 2024/2025. (Националната опера и балет, фојае/11:00)

Струга - Изложба на рачни изработки и работилница за накит по повод одбележување на Светскиот ден на занаетчиството во организација на националното здружение „Пинкокрафтс. (Спомен дом на браќа Миладиновци/14:30)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан