• недела, 13 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски
МИА Најави - МКД

4 април 2025

Софија - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на состанок на шефови на држави и влади на „Акаба Процес Балкан III“.

Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала 4 / 10:30)

Скопје - Седница на собраниската Законодавно - правна комисија. (Сала 4 / 11:00)

Скопје - Претседателката на Комисијата за еднакви можност на жените и мажите, Жаклина Пешевска ќе одржи работна средба со амбасадорот на ОБСЕ, Килиан Вал. (Собрание на РСМ, канцеларија 265 / 11:00)

Скопје - Министрите за јавна администрација на Северна Македонија и на Словенија, Горан Минчев и Франц Пропс ќе потпишат Меморандум за соработка меѓу двете министерства. (Кабинет на министерот за јавна администрација / 11:00)

Липково - Министерот за здравство Арбен Таравари во посета на Здравствен дом Липково по повод промоција на реновиран дел во оваа јавна здравствена установа. (10:00)

Струмица - Претседателот на СДСМ Венко Филипче ќе присуствува на настан по повод отпочнувањето на втора фаза од проектот за социјална населба во Струмица. (т.н. Струмички рид на општина Струмица / 12:00; по завршување на настанот Филипче ќе даде изјава за медиуми)

Битола - Директор на Фондот за здравствено осигурување на РСМ, Бранко Аџигогов и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски ќе учествуваат на традиционалната крводарителска акција на ФЗО „Фондовско срце". ( Подрачна служба на Фондот за здравство / 9:30) 

Скопје - Прес-конференција на Универзитетското студентско собрание на УКИМ (УСС-УКИМ).  (Постории на Студентски Културен Центар, ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ 28 / 10:00)

Тетово -  Општина Тетово организира прва јавна дебата за предлози за имиња на улиците. (Сала на Совет на Општина / 15:00)

Скопје - Прес-конференција на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).  (Клуб на новинарите /  10:30)

Скопје - Здружението на новинари на Македонија официјално ќе ги додели годишните новинарски награди.  (Клуб на новинарите / 14:00) 

Скопеј - Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини. (Национална опера и балет / 20:00)

Скопје - Изложба „Странски сликари во Македонија во периодот 1850 - 1950“. (Музеј на Град Скопје / 19:30)

Скопје - Разговор со Владимир Јанковски, автор на романот „Ехото на акробатите“ . (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ / 19:00)

 

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан