• среда, 18 декември 2024
МИА Најави МКД

27 септември 2023

Скопје – Претседателката на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Кралството Данска, Марија Георгиевска на средба со членови на Извршниот комитет на Данското европско движење. (сала на Уставна комисија/ 10:00 – 11:00)

Скопје – Средба на Љупчо Димовски, претседател на Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентите на земјите од Латинска Америка и од Карибите и членовите со новоименуваната амбасадорка на Куба, Мариета Гарсиа Хордан. (сала на Уставна комисија/ 13:15 – 13:50)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 6/ 10:30)

Скопје – Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши и в.д. директорот на Државен пазарен инспекторат, Горан Трајковски ќе ја посетат компанијата „Горска“ Дооел, Новоселски пат. (локација: https://www.google.com/maps/dir/41.9981212,21.4383832/%D0%B3%D0%BE%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0+%D0%B4%D0%BE%D0%B5%D0%BB/@42.0080751,21.3159716,12z/data=!3m1!4b1!4m9!4m8!1m1!4e1!1m5!1m1!1s0x1354139959ff788b:0x9486f0800d9b2d90!2m2!1d21.3619729!2d42.0186256?entry=ttu  /12:30

Скопје – Конференција на началниците на Генералштабови (НГШ) на армиите од земјите членки на САД - Јадранската повелба (А-5). (х. „Александар Палас“). Заради запазување на процедурите за влез, пристигнувањето на акредитираните новинари во хотелот „Александар Палас“ треба да биде најдоцна до 08:30 часот, за отворањето и најдоцна до 13:40 часот за потпишувањето на декларацијата и изјавите за медиуми.

- Воведни обраќања и отворање на Конференцијата од страна на генералите Ѓурчиновски и Каволи, како и обраќањата на претседателот Стево Пендаровски и министерката Славјанка Петровска. (9:00 – 9:25)

- потпишување на заедничката изјава од страна на началниците на Генералштабовите. (14:10 – 14:25)

- изјава за медиумите од генералите Ѓурчиновски и Каволи. (14:25)

Охрид – Министерот за финансии Фатмир Бесими ќе се обрати на 22. Годишна конференција на Македонска берза. (х. „Метропол“/ 9:30)

Штип – Во рамки на кампањата „Ние сме Европа“ ќе се одржи отворена трибина „Градиме македонски, градиме европски“ на која ќе се обратат вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. (лато пред Домот на млади во центарот на Штип/ 18:00)

Струга – Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ќе го посети давателот на социјалната услуга помош и нега во домот – Црвен крст Струга. (ул. „Ристо Крле“ бр. 1/ 13:30)

Скопје – Министерството за економија по повод Светскиот ден на туризмот ќе додели признанија за учесниците во туристичко-угостителскиот процес за 2023 година. (х. „Холидеј Ин“/ 11:00)

Скопје – Прес-конференција на Стопанска комора на Северна Македонија на тема „Земјоделско-прехранбениот сектор и ЕУ интегративните процеси“. (Стопанска комора, сала 1, кат 5/ 11:00)

Скопје – Прес-конференција на Британската амбасада во Скопје на која ќе се обрати британскиот амбасадор Метју Лосон. (простории на Амбасадата, на ул. „Тодор Александров“ бр. 165/ 12:00)

Скопје – Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) ќе одбележи 20 години од своето постоење. (Музеј на современа уметност/ 19:00)

Скопје – Учесниците на министерската конференција „Обезбедување квалитет во високото образование – трендови и случувања во ЕУ и Западен Балкан“ во студиска посета на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. (УКИМ/ 9:30 – 11:00)

Прилеп – Отворена средба со граѓаните на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во Прилеп. (сала на Советот на општина Прилеп/10:30)

Скопје – Прес-конференција на Синдикатот на УПОЗ. (пред Основното јавно обвинителство Скопје/ 11:00)

Скопје – Прес-конференција на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари и ХЕРА по повод 26 Септември – Светскиот ден на контрацепцијата и 28 Септември – Светскиот ден на безбедниот абортус. (пред Општина Центар – Матично/ 11:00)

Ресен – Преспански јаболкобер – свечено откинување на првото јаболко. (Село Евла/ 10:00)

Скопје – Прес-конференција на Видеолотарија Касинос Австрија. (во просториите на Видеолотарија Касинос Австрија, бул. „Киро Глигоров“ бр. 2, во премиум зградата на „Мерцедес“, кат 2/ 12:00)

Битола - ИФФК „Браќа Манаки“ – програма:

- Фестивалска прес-конференција. (Офицерски дом/ 11:00)

- Фестивалска работилница со Абастас Мичос. (Кино „Манаки“/ 12:30)

- Специјална проекција во чест на Шејмус Мекгарви. (Кино „Манаки“/ 21:15)

Скопје – „Фолклорно-класична симбиоза“, музичко-сценски спектакл на НУ Национална опера и балет и НУ „Танец“. (НОБ/ 20:00)

Скопје – Второ издание на  Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“. (Театар за деца и младинци / 19:00)

Софија – Книгата „Вештица“ од Венко Андоновски на Дванаесеттата Европска ноќ на литературата. (во Централното фоаје на Националниот студентски дом во Софија, плоштад „Народно собрание“ 10/ 18:00)

Скопје – Онлајн промоција на книгата „Почитувани бубачки и други морничави приказни“ од Маша Колановиќ. (на фејсбук-страницата на „Арс Ламина“/ 19:00)

Скопје – Самостојна изложба „Мултиверзум“ на академскиот уметник Симон Шимов. (Даут пашин амам/ 20:00)

Прилеп – Гостување на караванот „Македонијо во срце те носиме“. (плоштад „Методија Андонов – Ченто“/ 20:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

Остани поврзан