• сабота, 16 ноември 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

11 ноември 2023 

Битола - По повод одбележување на  105-годишнинатата од Денот на примирјето од Првата светска војна, собраниска делегација во состав: Марија Кочовска и Олга Лозановска,  амбасадорката на Република Србија во државава Невена Јовановиќ и претставници на Министерството за одбрана и Војската на Србија, ќе положат цвеќе на Српските воени гробишта, во Битола. (11:00)

Скопје – Трет Социо-еколошки форум (СЕФ) со дискусија за енергетските политики на земјите од Западен Балкан и Европска унија, во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, Меѓународниот центар „Олоф Палме“ и Прогрес - Институтот за социјална демократија. (х. „Холидеј Ин“, изјави за медиумите во прес-корнерот/ 10:45)

Скопје – Прес-конференција на Независниот синдикат на здравствените работници и административно-техничкиот персонал. (во просториите на КСОМ, бул. „Гоце Делчев“, во непосредна близина на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје/ 12:00)

Струмица -  Трибина „Македонското земјоделство на европскиот пат“, во организација на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ. (НУЦК Антон Панов/12.30 часот)

Скопје – Мотоцентар и „Ист Гејт Мол“ со цел подигнување на јавната свест за важноста на културата во сообраќајот со апел - Да ја победиме сообраќајната некултура! (на платото пред ТЦ „Ист Гејт Мол“, кај главниот влез/ 13:00)

Скопје – Во рамки на Есенски музички свечености 2023 ќе биде изведена операта „Набуко“ од Џузепе Верди. (Национална опера и балет/ 20:00)

Скопје – Танцов перформанс „Коло“ на Локомотива програмата на МОТ. (МКЦ, во Денсинг сала/ 22:00)

Скопје – Изложба на фотографии на Александрос Вретакос под името „Вевчански бајки и кошмари“. (Галерија Рудиќ/ 19:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан