• четврток, 12 февруари 2026
МИА Најави МКД

22 јануари 2026

Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 5/11:00)

Скопје - Седница на Законодавно-правна комисија. (Сала 5/11:20)

Скопје - Средба на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите. ( Сала 6/11:00) 

Скопје - Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Жаклина Пешевска ќе оствари средба со Работната група за следење на спроведувањето на Акцискиот план за унапредување на рамноправноста меѓу жените и мажите на Собранието. (Сала 6/11:00)

Скопје - Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски и Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, ќе одржат прес-конференција. (Влада, Медиа центар/11:00, пристигнување на медиумите/10:45)

Скопје - Изложба на фотографии и проекција на документарен филм реализирани во рамките на француско-германскиот проект „Старата скопска чаршија: визии за иднината". (Галерија на Факултетот за ликовни уметности во Сули ан/19:00)

Скопје - Бесплатна проекција на филмот „Мајка Мара“ во режија на Мирјана Карановиќ во рамки на програмата на Зимското издание на Фестивалската мрежа на Јадранскиот регион. („Синеплекс“/19:00)

Скопје - Во рамки на Најдоброто од „Киненова“ проекции во Кинотека на филмовите: ТАКВА КАКВА ШТО СУМ на Даг Јохан Хаугеруд (18:00), БЕШЕ НЕКОГАШ ВО ГАЗА на Араб Насер и Тарзан Насер (20:00) и на ЧУВАРИ НА ФОРМУЛАТА на Драган Бјелогрлиќ (20:00).

Скопје - Концерт насловен „Јинг-Јанг“ на кој како солисти ќе настапат врвниот виолинист Теди Папаврами (Албанија, Велика Британија) и пијанистката Маки Окада  (Јапонија, Швајцарија). (Филхармонија/20:00)

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан