11 февруари 2026
Скопје - Собранието ќе ја одржи 84-тата седница. (Сала „Македонија“/11:00)
Скопје - Седница на Законодавно-правната комисија. (Сала 6/10:15)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за здравство. (Сала 6/10:00)
Скопје - Дебата „Зајакнување на парламентарниот надзор преку зголемена соработка меѓу Собранието и Државниот завод за ревизија“. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/10:00)
Скопје - Заменик претседателот на Владата задолжен за политички систем Љупчо Димовски ќе присуствува на примопредвањето на противпожарна опрема за Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“. (Јасен – Кула/11:00, https://www.google.com/maps/place/41°50'38.7"N+21°14'21.1"E).
Прилеп - Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски и градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски ќе присуствуваат на настанот „Ден на побезбеден интернет”. (Изјава за медиумите во училишниот двор на ОУ „Кире Гавриловски Јане“/12:00)
Скопје - Министерот за спорт Борко Ристовски, ќе се сретне со освојувачите на медали, членовите на стручниот штаб и претставниците на Карате федерацијата на Македонија, по повод упехот на македонската младинска карате репрезентација на Европското првенство за кадети. (Кабинет на Министерство за спорт/12:00)
Скопје - Свечена академија по повод 35 години од формирањето на СУТКОЗ. (Македонска филхармонија, изјава за медиумите од претседателот на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски/12:00)
Скопје - Прес-конференција на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. (Работнички дом на ССМ, 10-ти кат/10:30)
Струга - Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ организира дискусија и изложба „Осмели се, инспирирај, промени - Политичкиот интегритет низ очите на младите“. (Europe House - Струга/13:00)
Скопје - Прес-конференција по повод премиерата на монодрамата „Драми на принцезите - ЏЕКИ". (Драмски театар/11:00)
Скопје - Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, во рамките на програмскиот сегмент „Зимски МакеДокс“, организира проекција на документарниот филм „Тата“ на Лина Вдови и Раду Чорнициу. (МКЦ, кино Фросина/20:00)
__________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***