• сабота, 23 ноември 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

13 октомври 2023 

Скопје – Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (сала „Борис Трајковски“/ 13:00)

Скопје – Премиерот Димитар Ковачевски заедно со вицепремиерот, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и в.д. директорот на Државен пазарен инспекторат Горан Трајковски ќе ја посетат компанијата Мако Mаркет, во населба Пинтија. (Мако Маркет, локација: https://www.google.com/maps/place/MakoMarket/@41.9447892,21.493075,15.83z/data=!4m6!3m5!1s0x13543de96a0e5633:0x4d7831513d0145d2!8m2!3d41.9475239!4d21.4938346!16s%2Fg%2F1hcb48qwk?hl=en&entry=ttu  / 11:30)

Скопје – Државната комисија за спречување на антикорупцијата ќе ја одржи 94-та седница. (на платформата ZOOM/ https://us06web.zoom.us/j/86378306507?pwd=udWyaCmQHbFbRvgzYDcbo63boqpzJD.1   / 10:00)

Скопје – Во рамките на „ЕУ со ТЕБЕ“, амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија ќе ја посети општина Шуто Оризари. (изјави за медиумите на градоначалникот Дудуш и амбасадорот Гир пред зградата на Општина Шуто Оризари/ 11:30)

Струга – Прес-конференцијата по повод свеченото отворање на вториот Конгрес на медицинските сестри. (во фоајето на х. „Дрим“/ 18:00, официјалното започнување на Конгресот е во 18:30)

Скопје – Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје, Насер Цури ќе потпишат меморандум за соработка. (во капелата на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје/ 9:00)

Тетово – Вонредна седница на Советот на Општина Тетово. (Општина Тетово/ 11:00)

Скопје – Прес-конференција на здружението „Живот со предизвици“ на тема: „Изјави за проблемите со кои се соочуваат семејствата со ретки болести“. (во локалот „15 за 12“ во Кисела Вода/ 11:00)

Скопје – Изведба на оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини. (Национална опера и балет/ 20:00)

Скопје – Во пресрет на 42. Скопски џез фестивал ќе се одржи промоција на новото (50) CD-издание на SJF Records, албумот „All the Sad Words in the Beggar's Dictionary“ на Филип Букршлиев Трио. (во Аудиокултура, ул. „Хелсинки“ 13/ 19:30)

Скопје – Промоција на „Речникот на современиот мегленоромански дијалект” од проф. д-р Петар Атанасов. (Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје, Сала за состаноци/ 12:00)

Скопје – Изложба и документарец на АКТО 18: Попаметен град 3.0 - Феникс или Апокалипса? (Амфитеатар на Архитектонски факултет, бул. „Партизански одреди“/ 19:00)

Скопје – Уметнички инсталации на Ивана Мирчевска и Дарко Алексовски, дел од проектот „Сегашно минато“ на ГЕТЕ – институтите од Југоисточна Европа. (кафе - книжарница „Буква“/ 17:00)

Скопје – Изложба на цртежи и акварели кои култниот американски, независен, филмски режисер, Џон Џост ги изработи за време на неговиот престој во Скопје. (во КСП Центар Јадро/ 19:00)

Скопје – Завршна дизајн изложба: „Глас на новата сцена“ под слоганот: Сцената е твоја дизајнирај ја! организирана од Скала - Школа за дизајн поддржана од Министерство за култура на Република Северна Македонија. (Јавна соба/ 20:00)

Прилеп – Отворање на изложбата „Послушност“ од уметникот Перо Кованцалиев. (НУЦК „Марко Цепенков“ - Прилеп/ 19:00)

Гостивар – Промоција на документарниот филм „Подобрување на отпорноста кон поплави во Полошкиот регион“ по повод Меѓународниот ден за намалување на ризици од катастрофи. (во Младинскиот ресурсен центар ICAN во Гостивар/ 12:00)

Скопје – Петто издание на музичкиот фестивал АНДЕРФЕСТ. (МКЦ/ 20:00)

Загреб – Промоција по повод јубилејната 30-годишнина од печатењето на првиот број на списанието „Македонски глас“ во организација на Заедницата на Македонците во Република Хрватска. (Трибина на Град Загреб, Каптол 27/ 14:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан