• среда, 25 декември 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

23 јули 2023

Пустец/Поградец – Претседателот Стево Пендаровски, во придружба на сопругата, Елизабета Ѓоргиевска, ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Албанија, на покана на албанскиот претседател Бајрам Бегај, при што ќе ги посети општините Пустец и Подградец.

- Пристигнување на претседателот Пендаровски и г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска во центарот на Пустец. (11:00)

- Церемонија за добредојде и кратка културно –уметничка програма во изведба на уметници од  Пустец. (11:00 – 11:10)

- Средба со локалните власти во општина Пустец. (11:10 – 11:30)

- Посета на црквата „Св. Архангел Михаил“. (11:30 – 11:40)

- Пешачење кон училиштето во Пустец. (11:40 – 11:45)

- Посета на училиштето во Пустец, отворена библиотека со книги на албански и македонски јазик. (кратки изјави на двајцата претседатели Пендаровски и Бегај/ 11:45 – 12:00)

- Поаѓање кон селото Голомбок (Глобочани). (12:00)

- Посета на Музејот Стерјо Спасе и пленарен состанок на двете делегации. (12:15 – 12:45)

- Враќање во Пустец. (12:45 – 13:00)

- Посета на островот Мал Град и црквата „Св. Богородица“. (13:00 – 13:45)

- Ручек во ресторанот „Панорама“. (13:45 – 15:30)

- Средба на претседателот Пендаровски со Здружението на Македонците од Албанија „Сонце“. (15:30 – 16:00)

- Поаѓање кон Поградец. (16:00)

- Пристигнување на претседателот Пендаровски и г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска во Поградец, пречек од страна на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бега и г-ѓа Арманда Бегај, градоначалникот Илир Џаколи, како и од локалните власти на општина Поградец. (16:30)

- Кратка прошетка низ Поградец. (16:30 – 16:40)

- Средба со локалните власти на општина Поградец. (16:40 – 17:30)

Демир Хисар – Втор ден од 3-то издание на „Добри гости“. (во „Арт поинт – Гумно“, во Слоештица/ 19:00)

Кочани – 33. Традиционален меѓународен натпревар на ридско брзински натпревари ПОНИКВА 2023 во организација на Авто Клуб ПЕРФОРМАНС. (на регионалниот пат од Кочани кон планинскиот рекреативен центар Пониква поточно на 1,5 км од крстосницата со село Бејли со старт на натпреварот од местото викано Губриште , а со цел на местото викано Пашаџамина шума/ 9:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан