• петок, 27 септември 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

11 септември 2024

Скопје – Седница на Собранието на Република Северна Македонија. (сала „Македонија“/11:00)

Скопје – Средба на претседателот на Комисијата за уставни прашања, Африм Гаши и членовите со германската делегација од Сојузниот уставен суд на Бундестагот. (сала на Уставна комисија/ 14:00)

Скопје – Настан насловен: „Образование водено од реалните потреби на учениците - паметно инвестирање во наставниот кадар и инфраструктура“, во организација на Здружение за истражување и анализи ЗМАИ. (во InnX центар на плоштад „Македонија“, изјави за медиумите се предвидени пред почетокот на настанот/ 10:30)

Битола – Ректорски форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан. (Технички факултет, изјави за медиуми/ 9:00)

Струмица – Претседателот на СДСМ, Венко Филипче ќе присуствува на настан на ЈСП Струмица на кој официјално ќе ги пушти во промет целосно електричните автобуси во општина Струмица. (Градски плоштад „Гоце Делчев“/ 12:00, изјави за медиуми 12:30)

Тетово - Гостување на Драмски театар Скопје со претставата „Чудесна терапија“ на 9. Меѓународен театарски фестивал во организација на Тетовскиот театар. (во големата сала на Театарот во Тетово/ 20:00)

Скопје – Промоција на книгата „Тајни“ од Јордан Коцевски. (КИЦ, Салон Империјал 2/ 19:19)

Софија – Отворање на изложбата „Циклус 19 II“ на ликовната уметница Христина Зафировска. (во галеријата на КИЦ на Република Северна Македонија во Софија/ 18:30)

Скопје – Аудиција за нови членови на „Поточиња“. (ООУ Ѓорѓија Пулевски“, населба Аеродром/ 18:00 – 19:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан