• недела, 06 октомври 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

6 септември 2023 

 

Скопје - Седница на Собранието на Република Северна Македонија. (сала „Македонија“/12:00)

Скопје – Средба на Националниот совет за евроинтеграции со учесниците на Форумот за културна дипломатија Скопје 2023. (сала „Борис Трајковски“/ 11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за локална самоуправа. (сала „Борис Трајковски“/ 13:00)

Скопје – Седници на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала 4/ 13:00/ Сала на Уставна комисија/ 16:30)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за здравство. (Сала 6/14:00)

Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со директорот на Бирото за метрологија, Авдуљ Сељам Селами ќе ја посетат подружницата на ЕВН Македонија во Бутел и ќе направат увид на лабараторијата каде што се врши тестирање на бриола за електрична енергија. (простории на ЕВН Магацин во Бутел на улица „Боца Ивановски“ во општина Бутел / 11:00)

Маврово – Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова ќе се обрати на настанот  за означување на почетокот на проектот „Иницијатива за северни шуми: Обнова на шумите во Северна Македонија и Албанија“. (х. „Трница“ во НП „Маврово“/ 11:30)

Скопје – Седница на Уставен суд. (9:30)

Битола – „Ние сме Европа“ отворена трибина: „ЕУ за македонското културно наследство“ во организација на Секретаријатот за европски прашања. (НУ Центар за култура – Битола/ 18:00)

Скопје – Кафе-дебата на тема: „Улогата на правото и владеење на правото: Доброто владеење како идеја и како практика“ во организација на Европско движење (ЕММК). (Кафе Тренд / 10:00 – 12:00)

Скопје - Отворање на изложбата посветена на кандидатурата на Рим за домаќин на Универзалната изложба ЕКСПО 2030 година. (трговскиот центар Скопје Сити Мол/ 12:00) 

Скопје – Прес-конференција на Видеолотарија Касинос Австрија. (на детското игралиште близу ТЦ „Зебра“ во Капиштец/ 10:00)

Скопје – „Крајбрежево“ изложба на дигитална графика и инсталација од Љубиша Камењаров. (Салон Империјал 2/ 20:00)

Куманово – Самостоен концерт на групата Фолтин. (во Големата сала на НУЦК - Куманово/ 20:00)

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан