• вторник, 24 декември 2024
МИА Најави МКД

20 јули 2023

Скопје – Продолжение на 120-та седница на Собранието на Република Северна Македонија. (сала „Македонија“/ 12:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (сала „Борис Трајковски“/ 12:30)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за здравство. (Сала 4/ 13:00)

Битола – Во рамки на проектот „Отворен кабинет“ на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пред приемот на странки, министерот ќе оствари работен состанок со раководството на СВР Битола. (СВР Битола/ 9:30, изјава за медиуми/12:00, а на граничниот премин Меџитлија ќе оствари средба со раководството на граничниот премин во 16:00)

Боговиње – Министерот за правда Кренар Лога ќе учествува на отворањето на канцеларијата за бесплатна правна помош во Општина Боговиње, а со градоначалнкот на Општината  ќе потпишт меморандум за соработка. (пред зградата на Општина Боговиње, изјава за медиуми/ 11:00)

Скопје – Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу ќе се обрати на јавната презентација и расправа за новиот Нацрт-закон за висока раководна служба. („Нова Македонија“ во салата за настани на ДИК, кат 4/ 15:00)

Белград - Министерката за труд и социјална работа Јованка Тренчевска во работна посета во Република Србија. 

Скопје – Седница на Уставен суд. (9:30)

Скопје – Обединетата македонска дијаспора (ОМД) организира прв македонски симпозиум и практики! (х. “Лимак“/ 9:30)

Скопје – „Земјотресна недела“ по повод одбележувањето на 60-годишнината од земјотресот во Скопје започнува со промоција на антологијата „Скопски Раскази“ и разговор со уредниците на изданието.(во КЦ Бруталиск/ 20:00)

Скопје – Промоција на стихозбирката „Сложувалка“ на Васил Ханџиски. (кафе-книжарница „Буква“/ 20:30)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан