31 јануари 2024
Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)
Скопје - Седница на собраниската Законодавно - правна комисија. (Сала 4/12:00)
Скопје - Прес-конференција на министерот за економија Крешник Бектеши. (Прес-центарот на Владата/ 11:00) видео материјалот можете да го преземете од преносот во живо со висока ХД резолуција преку следните линкови:
Прес-конференцијата на македонски јазик : https://www.youtube.com/watch?v=i0De3iDVAKE
Прес-конференцијата на албански јазик: https://www.youtube.com/watch?v=aYCFqi4oSwY
Скопје - Министерот за здравство Фатмир Меџити и заменик министерката за здравство Маја Манолева ќе ја посетат Универзитетската клиника за урологија по повод 500-та трансплантација на бубрег. (Универзитетска клиника за урологија/10:30, изјави за медиуми по посетата)
Скопје - Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и директорот на ЦНВП, Нехат Рамадани ќе се обратат на настанот на тема „Локален пристап кон активна заштита на животната средина и ублажување на климатските промени“. (Клуб на пратеници/10:00)
Скопје - Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска и претседателот на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Александар Николовски, ќе потпишат Меморандум за соработка. (Министерство за култура/10:00, изјави за медиумите по потпишувањето на Меморандумот)
Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата, по повод завршување на мандатот ќе одржи брифинг со новинари. (Простории на ДКСК/10:00, брифингот ќе се одржи без камери, изјави за медиумите се предвидени по завршување на настанот)
Скопје - Седница на Уставен суд. (Уставен суд/9:30)
Скопје - Прес-конференција на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. (Работнички дом, зграда на ССМ, 10 кат/12:00)
Скопје - Доделување новинарските награди за 2023 на тема „Справување со загадувањето на воздухот во РС Македонија“ во организација на Здружението на новинари на Македонија во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). (Клуб на новинари/14:00)
_______________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***