• вторник, 24 декември 2024
МИА Најави МКД

27 јуни 2023

Подгорица - Претседателот Стево Пендаровски ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Подгорица, Црна Гора.

Скопје - Седница на собраниската Законодавно - правна комисија. (Сала 4/10:30)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите за тековните и идните активности на Парламентот. (Сала на Уставна комисија/10:00)

Скопје - Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, пратеничката Гордана Сиљановска Давкова и Давор Пашовски од фондацијата „Конард Аденауер“ ќе имаат средба со Ралф Бринкхаус, пратеник од германскиот Бундестаг. (Сала на Влада/10:00)

Скопје - Прес-конференција на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. (Македонската Архиепископија, бул. „Партизански одреди“ бр. 12/11:00)

Скопје - Завршен настан за проектот „Соработка за дигитална демократија“ на кој ќе се обратат амбасадорката на Шведска Ами Ларсон Јаин и генералниот директор на Агенцијата за катастар, Борис Тунџев. (Клуб на пратеници/11:00)

Крива Паланка - Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе одржи отворени средби со граѓанскиот сектор. (Општина Крива Паланка, сала на Советот)

Скопје - Сојуз - Национален совет за родова рамноправност ќе одржи завршна средба на тема „Заедно до брзо решение на семејното насилство и насилството врз жените“. (х. „Александар Палас“/ 11:00)

Скопје - Јавна дебата за презентација на Извештајот од јавната кампања „Кажи и направи нешто зелено“ во организација на Тимот на Институтот за политики во животната средина и климатските промени (IPECC - ИПЕК). (х.„Солун“/11:00)

Скопје - Завршна конференција на пректот Пристап до правда за најмаргинализираните во организација на Фондацијата Отворено општество - Македонија, Станица ПЕТ и ХОПС. (х.„Панорамика“/11:00) 

Скопје - Настан „Волонтирај!“ како дел од проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, поддржан од Европската Унија, а реализиран од Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско село Македонија, Волонтерски Центар Скопје и Здружението „Женски форум“ - Тетово. (Градски парк „Школка“/11:30)

Скопје -  Втор ден од Отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. (Амфитеатар на Институтот/10:00)

Скопје - Издавачката куќа „Готен“ во рамки на проектот „Превод во движење“ организира дискусија на тема „Од превод до книга - лавиринт со повеќе излези“. (Кафе-книжарница Буква/19:30)

Скопје - Онлјан промоција на романот „Приказна за духовите“ од австриската писателка Лаура Фројденталер. (Фејсбук на „Арс Ламина“/19:00)

Скопје - Изложба и аукција за заштита на птиците во Македонија на Велиан Јагев. (Простории на Централна управа на ПроКредит банка/19:00-21:00)

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***
 
 

 

Остани поврзан