• вторник, 24 декември 2024
МИА Најави МКД

30 октомври 2023

Скопје - Официјална посета на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Северна Македонија.

Скопје - Седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата (Сала 6 /11:00)

Скопје - Седница на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија (Сала „Борис Трајковски“ /11:00)

Скопје - Седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања (Сала 6 /14:00)

Скопје - Традиционален Саем за студии во Франција во организација на Францускиот институт во Скопје (Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ /11:00 до 16:00; настанот ќе биде отворен за посетители од 11:00, а официјално ќе биде отворен во 12:00)

Скопје - Завршна конференција на Мрежата за заштита од дискриминација „Разбивање стереотипи, разоткривање невистини и трасирање на патот за родова еднаквост“ (хотел „Арка“ /10:00)

Скопје - Промоција на публикација на Институтот за медиуми и аналитика (ИМА) „Во(н) фокусот на медиумите: Демократски институции, владеење на правото и реформи во јавната администрација“, проследен со панел – дискусија (хотел „Сити парк“ /12:00).

Скопје - Обука на тема „Подигање на свеста за родовата еднаквост во медиумите, известувањето и улогата на родовосензитивно известување“. (МладиХаб - (Канцеларијата на Претседателот) /10:00)

Тетово - Седница на Советот на Oпштина Тетово (Сала на Советот на Општина Тетово /13:00)

Битола - Свечено отворање на фестивалот Малата школа на краткиот филм (Центар за култура /18:00)

Битола - Промоција на книгата „Презимето кај Македонците“ од авторката Елка Јачева Улчар (Офицерски дом / 18:00)

 

Денови на медиумска писменост-програма:

Скопје - Медиумска писменост „Многу лица, една мисија – прогрес и безбедност“ (АВМУ / 11:00)

______________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан