• сабота, 23 ноември 2024
МИА Најави МКД

24 октомври 2024

Скопје - Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова ќе ја прими претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјен, која ќе биде во посета на Северна Македонија. (Вила Водно / 13:00; сниматели и фоторепортери во Вила Водно во 12:40)

Скопје - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, ќе ја пречека и ќе биде домаќин на посетата на Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија на Европската Унија. (11:20)

- Тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен (11:30)

-Билатерална средба помеѓу двете делегации  (11:50)

- Заедничка прес-конференција на премиерот Мицкоски и претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен (Медија-центар на Владата / 12:40)

Скопје - Седница на Собранието на Република Северна Македонија. (Сала „Македонија“/12:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. (Сала 6/10:30)

Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. ( Сала 6/11:00)

Скопје - Министерот за здравство Арбен Таравари ќе го посети пунктот за вакцинација на здравствени работници против сезонски грип во Институтот за јавно здравје. (ИЈЗ страничен влез/ 9:30)

Скопје - Министерката за образование и наука  Весна Јаневска ќе се обрати на завршната конференција на проектот „Зголемување на привлечноста, релевантноста и инклузивноста на стручното образование и обука и образованието на возрасните“. (хотел „Лимак“ /10:00)

Скопје -  Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе ја одржи 503 седница. (10:00)

Скопје - Конференција „Проширувањето на ЕУ и авторското право: Што е следно за актерите во Западен Балкан?“, посветена на заштитата на авторските права на актерите во земјите кандидати од Западен Балкан за членство во ЕУ. (хотел „Мериот“/12:30)

Скопје - Универзитетот Американ колеџ Скопје и Амбасадата на Унгарија организираат Панел-дискусија на тема „Безбедносна размена и заемни операции меѓу НАТО и Европската унија“. (Амфитеатар 1 на Универзитетот Американ колеџ Скопје/14:00)

Тетово - Изјава за медиуми на градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами, и претставници на „Saubermacher" на пуштањето во употреба на Собирниот пункт за инертен и друг отпад. (Покрај патот од „Рамстор“ кон Требош, во близина на каналот за наводнување / 11:00)

Куманово -  Свечено отворање Конузулат на Република Србија во Куманово. (ул. „Илинденска“ бр. 37/14:00)

Штип - Агенцијата за храна и ветеринарство и Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје организираат трибина за превенција на болеста чума кај малите преживари. (Простории на Општина Штип/12:00)

Скопје - Одбележување на 79-тиот роденден на Обединетите нации. (Градски парк Скопје, кај Школка / 17:00)

Битола - Прес-конференција за премиера на театарската претстава „Ричард III“ (Народен театар / 10:00)

Битола - Буџетски форум, прва сесија. (Офицерски дом / 11:00)

Скопје - Изложба на Бурџу Мусли насловена „Escape Room“. (Мобилна/Монтажна галерија на ЦСУ/20:00)

Скопје - Одбележување 30-годишнина од дејноста на Македонското библиско здружение. (Музеј на македонската борба за самостојност/ 12:00)

Скопје - Изложба на паркова скулптура од акедемскиот скулптор Александар Ефтимовски, насловена „Магна Матер“. (Парк пред КИЦ/12:00)

Скопје - Промоција на стручната книга „Бубрег и бременост“ од проф. д-р Билјана Герасимовска.  (книжарница „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“/19:00)

Скопје - Прес-конференција по повод претстојните стендап настани „(Нат)просечен Македонец“ со Тино и Атанас со Стефан Николовски како специјален гостин. (Аудиокултура / 14:00)

Скопје -  Концерт во рамки на циклусот „Подиум на млади“, на кој ќе настапат Џеврие Туле – пијано и Симеон Гошев – виолина, во пијано придружба на Весна Ангелова Христов. (Камерна сала на Филхармонија / 20:00)

Скопје - Отворање на групната изложба  „Тука, но некаде другаде“ - (ко)продукција на непрофитната организација за промоција на женската активност - Тиииит! Инк. („Мала станица“/ 19:00)

Гевгелија - Второ издание на изложбата НарАртива во Гевгелија по повод 150-годишнината од импресионизмот. (Галерија Амам/19:00)

Скопје - Изложба на фотографии „Сибирска Тофаларија“ на српскиот фотограф Бранислав Бркиќ. (Галерија Рудиќ / 19:00) 

Скопје - Промоција на романот „Додаток за фотоалбум“ со присуство на рускиот писател Владислав Отрошенко. (Салон 19,19 при Културно-информативниот центар во Скопје/ 19:19)

Скопје - Премиера на чешкиот анимиран филм за деца „Дури и глувците одат во рајот“ во режија на Дениса Гримова и Јан Бубеничек. (кино „Милениум“/ 18:00)

Скопје -  Прес-конференција по повод претстојниот концерт на Марија Шерифовиќ во Скопје. (хотел „Парк“ / 12:00)

___________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан