• сабота, 09 ноември 2024

МИА Најави - МКД

МИА Најави - МКД
26 февруари 2020 Прилеп - Вицепремиерот за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска и министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска ќе ја посетат компанијата ВИК груп во ТИРЗ Алинци. (Изјави за медиуми/13:30) Прага - Министерот за надворешни работи Никола Димитров во работна посета на Прага, Република Чешка.
Свети Николе - Министерката за финансии Нина Ангеловска во работна посета на Општина Свети Николе:
- Средба со стопанственици. (Општина Свети Николе, мала сала/10:00 - 11:00, инсерти)
- Средба со градоначалникот Сашо Велковски. (Општина/11:00 - 11:30, инсерти)
- Министерката Ангеловска, евроамбасадорот Самуел Жбогар и градоначалникот на Свети Николе Сашо Велковски ќе го посетат Градскиот пазар. (11:30 - 12:00, изјави за медиумите)
  Дојран - Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов ќе извршат увид во рехабилитација на државен пат Стар Дојран-Нов Дојран. (н.м Карач, изјави за медиуми/12:00) Скопје - Делегација на Владата што ќе ја предводи министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, заедно со министерот за образование и наука Арбер Адеми и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски ќе положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател Борис Трајковски на Градските гробишта Бутел. (11:00) Мостар - Делегација на Владата предводена од министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, во чиј состав се министерот за странски инвестиции Елвин Хасан и заменик-министерот за култура Владимир Лазовски ќе присуствуваат на одбележувањето на 16-годишнината од смртта на поранешниот претседателот Борис Трајковски кај Ротимље. Струмица - Владина делегација во чиј состав се министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска и Кирил Парталов, државен секретар во Министерството за локална самоуправа ќе положат цвеќе на споменикот на поранешниот претседател Борис Трајковски во Струмица. (11:00) Скопје - Дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојковски ќе даде изјава за медиуми. (МИОА, хол на втори кат/10:30) Свети Николе - Во рамки на караванот „ЕУ за тебе“, евроамбасадорот Самуел Жбогар ќе го посети средното училиште „Кочо Рацин“, градскиот пазар и ќе се сретне со градоначалниците од Источниот и Северо-источниот регион. (12:00-14:00) Скопје - Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска ќе одржи прес-конференција за највисоките годишни бруто приходи пријавени во Годишната даночна пријава за 2018 година. (Зграда на НБРМ, Генерална дирекција на УЈП, втори кат/11:00) Скопје - Прес-конференција на Сојузот на стопански комори на Македонија. (Простории на Сојузот на стопански комори/12:00) Скопје - Прес-конференција на „Fortonmka“, консултантска компанија за комерцијални недвижнини. (х.„Хилтон“/11:00) Скопје - Балканската фондација за одржлив развој (БФОР) ќе одржи прес-конференција на која ќе биде промовиран проектот „Да зборуваме за климатските промени и иднината на виновата лоза и виното“. (Факултет за земјоделски науки и храна/12:30-13:00, изјави за медиуми) Скопје - Компанијата АД Макпетрол ќе одржи прес-конференција. (Во Управна зграда - Дирекција Макпетрол АД/12:00) Скопје - Македонската академија на науките и уметностите ќе го одржи редовното годишно собрание. (МАНУ, свечена сала/12:00) Штип - Церемонија за прием на новите странски студенти кои тековниот семестар ќе го поминат на Универзитетот „Гоце Делчев“ како дел од Еразмус плус програмата. (Земјоделски факултет, свечена сала, Кампус 2/9:00, изјави за медиуми во 10:00) Скопје - Завршна конференција на проектот „Мобилизација на заедницата во борбата против гладот“ во рамки на проектот „ВСС Ефект“ - финансиски поддржан од ЕУ во рамки на ИПА Програмата 2016-2017. (х.„Порта“/10:00) Скопје - Промоција на два истражувачки труда: „Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија“ (2014 - 2019) и „Што сега? Неизвесноста на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ во 2019“ во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ - Скопје и Фондацијата Конрад Аденауер. (Јавна соба/10:00) Скопје - Промоција на книгата „Имуни на реалноста“ од универзитетскиот професор и научник Трајко Славески. (х.„Холидеј ин“, сала „Милениум“/19:00) Скопје - Промоција на стихозбирката „На погрешната страна“ на Пајо Авировиќ. (Музеј на македонската борба/19:00) Скопје - Промоција на „Реторички лексикон на поими и дефиниции“ на Трајко Огненовски. (КИЦ, Салон 19,19/19:19) Скопје - Издавачки центар „ТРИ“ ќе ја промовира книгата „По дождот“ од Раде Шербеџија. (Клуб-ресторан МКЦ/19:00) Тетово - Промоција на книгата „Блок“ од авторот Исуф Кало. (Факултет за медицински науки на Универзитетот во Тетово, амфитеатар/10:00) Скопје - Манифестација „Среќна Баба Марта 2020“ во организација на Центарот за научно истражување и промоција на културата „ХАЕМУС“. (ТЦ „Капитол“, први кат /12:00) Куманово - 21. Форум на Светската организација за ловство CIC, во организација на Ловечката Федерација на Македонија. (Комплекс Етно село Тимчевски/11:00) Охрид - Прес-конференција на која ќе биде промовирана новата опција на претстојните парламентарни избори „Македонска независна листа“.  (х.„Гарден“/12:00)   ———————————————————————————————————————————————– ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***    

Остани поврзан