• недела, 06 октомври 2024
МИА Најави МКД
12 март 2020 Вевчани - Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патиштата, Зоран Китанов ќе извршат увид во рехабилитација на регионален пат Вевчани-врска со граничен премин Ќафасан. (Пред зградата на општина Вевчани/12:15) Скопје - Прес-конференција на Сојузот на стопански комори на Македонија. (ССК/10:30) Тетово - Претседателот на ДПА, Мендух Тачи ќе се сретне со амбасадорот на Франција, Кристијан Тимониер. (Седиште на партијата/12:00) Тетово - Конвенција на ДПА на која ќе бидат промовирани кандидатите за пратеници на изборите на 12 април. (Спортска сала во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“/18:00) Скопје - Прес-конференција на ИНТЕГРА - Македонска конзервативна партија на која ќе бидат соопштени носителите на листи за претстојните предвремени парламентарни избори. (ДТЦ „Палома Бјанка“, 3-ти кат/13:30) Скопје - Прес-конференција на Независниот Синдикат на полицијата. (Пред влезот на Македонска телевизија/12:30) Скопје - Промоција на двата универзитетски учебника „Вовед во етика“ и „Прирачник за етика“ објавен од страна на УКИМ на Конкурсот за е-издаваштво за 2018 и за 2019 година. (Библиотека на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет/13:00)   ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***  
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан