• сабота, 09 ноември 2024

МИА Најави - МКД

МИА Најави - МКД
24 февруари 2020 Лондон - Премиерот Оливер Спасовски ќе ја предводи владината делегација на Инвестицискиот самит на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за Западен Балкан. Солун - Министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе учествува на конференција на високо ниво посветена на европската перспектива на Западен Балкан „Од Солун до Загреб“.  Велес - Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски ќе се обрати на шестата од серија јавни трибини за дигитализација на јавните услуги во Република Северна Македонија. (голема сала во Општина Велес/изјава за медиуми во 11:00) Подгорица - Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми во работна посета на Црна Гора. Битола - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски ќе присуствуваат на отворање пат од руралната програма. (село Моловишта/12:30, средба со земјоделци и изјава за медиуми во село Дихово/13:30) Скопје - Прес-конференција на Стопанската комора на Македонија на тема: „Перспективите на текстилната и кожарската индустрија и потребата за зголемување на продуктивноста“. (Стопанска комора на Македонија, сала 1 на петти кат/11:00) Скопје - Независниот академски синдикат (НАкС) организира трибина „Проблеми и предизвици на финансирањето на високото образование и науката во РСМ“.(Културен центар „Кино култура“/13:00) Скопје - Промоција на првата книга на маратонецот Кокан Ајановски „Трчањето ме учи“.(Јавна соба/19:00) Скопје - Прогласување на „Автомобил на годината за 2020“ година. (х.„Холидеј Ин“/11:00) _____________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан