• среда, 25 декември 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД
11 февруари 2020 
Скопје - Претседателот на Националното Собрание на Република Словенија, Дејан Жидан ќе се обрати пред пратениците во Собранието на Република Северна Македонија. (Сала „Македонија“/12:00) Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 133. седница на чиј дневен ред е Предлогот на закон за ратификација на Северноатланскиот договор на која ќе се обрати претседателот Стево Пендаровски. (Сала „Македонија“/15:00) Скопје - Претседателот на Собранието Талат Џафери пред почетокот на свечената седница по повод ратификацијата на Протоколот за НАТО ќе оствари средби со претставниците на парламентите на соседните земји: (сниматели и фоторепортери) - средба со пратеникот и шеф на хрватската делегација во ПС НАТО, Мирослав Туѓман. (Кабинет на претседателот/12:45 – 12:55) - средба со Атила Местерхази од ПС-НАТО. (Стар кабинет на претседателот/13:00 – 13:30) - средба со потпретседателката на албанскиот Парламент Василика Хуси. (Кабинет на претседателот/13:35 – 13:45) - средба со претседателката на бугарското Национално собрание Цвета Карајанчева. (Сала Длаборез/13:50 – 14:15) - средба со потпретседателот на црногорскиот Парламент, Генци Ниманбегу. (стар кабинет на претседателот/14:20 – 14:35)
Скопје - Собраниската Комисија за финансирање и буџет ќе одржи две седници. (Сала „Борис Трајковски„/10:00 и 11:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за надворешна политика. (Сала 4/10:00)
Скопје - Собраниската Законодавно-правна комисија ќе одржи три седници. (Сала 10/10:30 и 11:00 и сала Борис Трајковски/11:30) 
Скопје - Седница на собраниската Комисија за надворешна политика. (Сала 4/12:30)
Скопје - Министерот за надворешни работи на Италија, Луиџи ди Мајо во официјална посета на Република Северна Македонија:
- средба со претседателот Стево Пендаровски. (вила Водно/09:15)
- пристигнување во Министерството за надворешни работи. (фото/видео инсерти/09:55) - пленарни разговори меѓу делегациите на Министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и Италија. (фото/видео инсерти, сала на 1-ви кат/10:00-10:40) - прес-конференција на министерот Никола Димитров и Ди Мајо. (МНР, приземје/10:40-11:00)
Скопје - Претседателот Стево Пендаровски ќе оствари средби со претседателот на Државниот збор на Република Словенија и со претседателката на Народното собрание на Република Бугарија (сниматели и фоторепортери):
– средба со Дејан Жидан, претседател на Државниот збор на Република Словенија. (вила Водно/13:00) – средба со Цвета Карајанчева, претседателка на Народното собрание на Република Бугарија. (вила Водно/14:20) Скопје - Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и словенечкиот амбасадор Милан Јазбец, во присуство на претседателот на Државниот Збор, Дејан Жидан ќе потпишат Меморандум за меѓународен развој и соработка меѓу двете влади за периодот 2020-2021. (СЕП/10:40, пристигнување на медиуми/10:30)

Скопје - Министерот за здравство Венко Филипче ќе ја посети поликлиниката Ѓорче Петров, по повод реновиран вакцинален пункт и набавен нов рентген апарат. (изјави за медиуми/10:30) 

Битола - Дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ и заменик-градоначалничката на Битола, Емилија Костурски ќе го посетат Домот за новороденчиња и мали деца Битола. (14:00)
Скопје - Стопанската комора на Македонија ќе одржи прес-конференција на тема „Потенцијали за извозна диверзификација во земјоделско-прехранбениот сектор“. (Стопанската комора на Македонија, сала 1, 5-ти кат/10:00)
Скопје - Прес-конференција на Унијата на потрошувачи на Македонија. (Канцеларија на КМРМ, спроти Градска болница/11:00)
Скопје - Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ ќе присуствува на пуштањето во употреба на новите простории на Дневниот центар за лица со детска парализа. (ООУ „Киро глигоров“/09:00) Скопје - Крводарителска акција на Општина Аеродром и Црвен крст на Кисела Вода. (Простории на општината/9:00-13:30)

Скопје - Центарот за толеранција и доживотно учење  и општина Гази Баба  Скопје во рамки на програмата за  неформално образование  ќе го претстават  проектот „ Преку менторство до пристојни работни места“ поддржан од швајцарската организација Хелветас. (Општина Гази Баба/11:00)

Скопје - Здружението за социјални иноваци „АРНО“ организира промотивен настан за натпреварот „ЗЕЛЕНИ ИДЕИ 2020“ . (Јавна соба/12:00) Скопје - Онлајн прес-конференција на „Медена земја“. (МКЦ, кино „Фросина“/9:00) Скопје - Изведба на операта „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини. (Национална опера и балет/20:00) Скопје - Промоција на новата книга „Зошто јас?“ од Мартин Јованоски. (Простории на МладиХАБ“/19:00)  Скопје - Авалон Продукција ќе одржи  прес-конференција по повод претстојниот концерт на Божо Вреќо. (х.„Александар Палас“/11:00) Кичево - Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, министерот за економија Крешник Бектеши и градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари ќе одржат прес-конференција по повод поставувањето камен темелник на затворен пливачки базен во Општина Кичево, како дел од првата фаза на проектот „Изградба на 14 пливачки базени“. (ОУ „Санде Штејровски“/14:00)

Скопје - Прес-конференција на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски. (АМС/11:00)

Битола - Прес-конференција на РК Еурофарм Пелистер. (Спортска сала,прес центар/12:00)   _______________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***  

Остани поврзан