• сабота, 27 јули 2024
МИА Најави - МКД (ДПЛ)

22 јули 2024 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“ / 11:00) 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 6 / 13:30)

Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6 /13:45)

Скопје - Средба на претседателот на Собранието Африм Гаши со амбасадорка на Норвешка, Кристин Мелсом. (Стар кабинет / 13:00)

Скопје - Средба на претседателот на Собранието Африм Гаши со ректорот на Меѓународниот балкански универзитет  Лутфи Сунар. (Стар кабинет /14:00)

Скопје - Средба на претседателот на Собранието Африм Гаши со заменик-министерот за исламски прашања на Кралството Саудиска Арабија, Авад ал Анзиј бин Сибтиј.(Сала на Уставна комисија / 15:00)

Скопје - Претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Одил Рено-Басо во дводневна посета на Северна Македонија. 

Скопје - Министерот за здравство Арбен Таравари ќе ја посети Градската општа болница „8 Септември“. (11:00, изјави за медиуми/13:30 пред главен влез на болницата)

Скопје - Прес-конференција на директорот на Управата за извршување на санции Александар Пандов за извршениот вонреден надзор во КПУ Затвор Скопје. (Министерство за правда/12:00)

Скопје - Седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија. (13:00)

Охрид - Прес-конференција  по повод премиерата на претставата „Галеб“  од Антон Чехов, во режија на Багријана Попов и во изведба на Народниот театар Битола, во рамки на фестивалот „Охридско лето“. (лаунџ-бар  „Октава“ / 11:00)

Скопје - Концерт „Американска приказна“ на ФАМЕ’С Институт оркестарот и виолинистката  Ирина Мурешану во рамки на фестивалот „Скопско лето“. (Сули ан / 20:30)

Битола - Концерт на  „На Паниѓир“ со КУД „Илинден“-Битола  (Офицерски дом/21:00)

Скопје - Прес-конференција на Олимпискиот комитет на Северна Македонија по повод учеството на македонски спортисти на Олимписките игри во Париз. (Конференциска сала во СЦ „Јане Сандански“ / 11:00) 

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан