
7 април 2025
Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 6 /10:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. (Сала 5 /11:00)
Скопје - Седница на собраниската Законодавно - правна комисија. (Сала 6 /11:15)
Скопје - Прес-конференција на пратеникот Амар Мециновиќ. (Собрание на РСМ, Прес-центар /11:00)
Скопје - Амбасадорката на Украина Лариса Дир ќе го посети Собранието на Република Северна Македонија каде ќе има средба со претседателката на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Украина, Иванка Василевска. (Канцеларија бр. 214 /10:00, се покануваат камермани и фоторепортери)
Скопје - Посета на студенти-питомци на Воената академија „Михајло Апостолски“ на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала „Борис Трајковски“ /12:00)
Скопје - Прес-конференција на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Арбен Таравари и директорот на ФЗО Сашо Клековски. (Медија центар на Влада /11:30)
Скопје - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити е домаќин на Рамсарска советодавна мисија, за препораки како соодветно да се справиме и управуваме со Преспанското езеро и природниот парк Езерани кои се на листата на заштитени рамсарски подрачја од 1996 година. (Просториите на МЖСПП /10:00)
Скопје - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков заедно со заменик-министерот Седат Сулејмани ќе престојуваат во работна посета на општина Гостивар. (Изјави за медиуми Старата џамија во Равен /12:30)
Скопје - Свечен настан по повод Меѓународниот ден на Ромите во организација на Кабинетот на министерот без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, Шабан Салиу. (Националната опера и балет /19:00)
Скопје - Свечен собир на Македонското лекарско друштво по повод 7 Април - Светскиот ден на здравјето. (х. „Холидеј ин“ /13:00)
Скопје - Промоција на тритомното издание Кочо Рацин (1. Поезија, 2. Проза и публицистика, 3. Животопис на Рацин). (Амфитеатар на МАНУ /13:00)
Скопје - Специјално мултимедијално предавање „Музика и Политика” на поранешниот претседател на Република Хрватска, проф. д-р Иво Јосиповиќ. (Меѓународен Балкански Универзитет / 17:00)
Скопје - Промоција на преводот на македонски јазик на романот „Пронајденото време“ (том 2), последната книга од циклусот „Во потрага по загубеното време“ од Марсел Пруст. (Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, сала за седници /12:00)
Скопје - Детски културен центар „Карпош“ организира крос трка по повод Меѓународната недела на здравјето. (Трката ќе се одржи на тартан патеката во Градскиот парк/11:00)
Скопје - Затворена проекција на документарниот филм „Шабан Бајрамовиќ - Моето патување“. (Cineplexx, Сити мол /12:00)
Скопје - Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО во соработка со Општина Центар организира онлајн информативна сесија за сите родители, идните родители и семејствата со фокус на здравјето и благосостојбата на трудниците, новороденчињата и децата. (регистрација на линкот https://forms.gle/vqw5P4bfXtN87GvA9 /18:00)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***