• среда, 18 декември 2024
МИА Најави МКД (ДПЛ)

12  декември 2024 

Скопје - Собрането на Република Северна Македонија ќе ги одржи 22-та и 15-та седница. (Сала „Македонија“/11:-11:15)

Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 4/10:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите. (Сала 6/12:00)

Скопје - Посета на регионалниот директор на УНХЦР за Европа, Филип Леклер. (Стар Кабинет/13:30)

Скопје - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и регионалниот директор за Европа- УНХЦР, Филип Леклер ќе се обратат на настан по повод одбележување на 30-годишнината од воспоставување на дипломатски односи со Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации и отворањето на Канцеларија на УНХЦР во Скопје во 1994 година.​ (МНР, пристигнување на медиумите/10:45-11:00)

- Отворање на настанот (11:00 – 11:05)

- Обраќања на министерот за надворешни работи и надворешан трговија, Тимчо Муцунски,  и на Филип Леклер, Регионален директор за Европа- УНХЦР (11:10-11:30)

 -Панел дискусија (затворена за јавноста) (11:30-12:00)

Виена - Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити во работна посета на Виена, Австрија, каде ќе учествува и ќе има обраќање на 22-от Министерски совет на Енергетската заедница.

Скопје - Седма седница на Генералното собрание на ЗЕЛС. (х.„Александар Палас“, изјави за медиумите на /12:15) 

Гостивар - Тркалезна маса за потребата од измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија заради адресирање на препораките од Оценската мисија за Судскиот совет во организација на Министерството за правда. (Основен суд/10:30)

Скопје - Четврти експертски состанок во рамки на проектот „Нека правдата владее со регионот", поддржан од Кралството Холандија (MATRA). (х.„Парк“ сала „Executive“ /9:00) 

Скопје - Министерот за Европа и медиуми на Северна Рајна-Вестфалија, Натаниел Лимински, амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер и амбасадорката на Литванија, Вилма Дамбраускиен ќе се обратат на конференцијата „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“. (во живо, на македонски, албански и англиски, на Јутуб каналот и на Фејсбук страната на ЦИВИЛ)

Скопје - Промотивен настан „Запознај го Фондот за осигурување на депозити“, во организација на Фондот за осигурување на депозити. (Јавна соба/11:00)

Скопје - Свечено одбележување на 80 – годишниот јубилеј на Земјоделскиот институт – Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. (Музеј на македонската борба за самостојност/18:00)

Прилеп -  Здружението за истражување и анализи ЗМАИ организира настан „Паметен развој на Пелагонискиот плански регион“. (Центар за претприемништво и креативност, Економски факултет - Прилеп/12.00) 

Скопје - Катедрата за романски јазици и книжевности и Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“) го организираат Меѓународниот научен собир „Втори романистичко-балканистички средби (во чест на 100-годишнината од раѓањето на Божидар Настев)“. (Филолошки факултет „Блаже Конески“, сала за седници/10:00)

Скопје - Панел дискусија „To be or not to be… студент во Македонија?“ во организација на Здружението за унапредување на медиумските практики „Иновативни медиуми“ и Здружението на граѓани „Форум за образовни промени”. (Zoom линк: https://us06web.zoom.us/j/82417677389/12:00)

Скопје - Одбележување на 80 години од основањето на Антифашистичкиот фронт на жените (АФЖ), во организација на Фондацијата Фридрих Еберт - канцеларија Скопје во соработка со Региноналната феминистичка антифашистичка мрежа (ФАМа). (Кинотека на Македонија/19:30)

Скопје - Прес-конференција на Коалицијата Вреди. (ТЦ Мавровка, простории на Алтернатива/13:00)

Скопје - Здружението на граѓани Одбор за традиционална прослава на Бадник ќе ги претстави Кумот и Здравичарот за Бадник 2025. (Општина Центар, сала за состаноци на Советот, барака 6/11:00)

Скопје - Настан „Етичка употреба на вештачката интелигенција: Кој ја има контролата – луѓето или алгоритмите?“, (Просториите на „Инокс иновацискиот центар“ (Плоштад Македонија, број 1 /Изјави за медиуми /12:00)

Штип - Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство. (Општина Штип, Сала на Советот/18:00)

Скопје - Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ ќе ја заврши серијата проекции во рамки на програмскиот сегмент „Зимски МакеДокс“ со прикажување на документарниот филм „Герлах, последниот земјоделец“ и дебата. (Едукативно-културен центар „Лабораториум“/20:00)

Скопје - Карипска вечер - спој на бројни култури и традиции на која готвачи на хотелот ќе ги покажат своите кулинарски вештини, подготвувајќи типични јадења од карипскиот регион. (Limak Skopje Luxury Hotel/20.30)

Скопје - Промоција на книгата „Филмска Објектологија“ од авторот Васил Михаил. (Галерија „Метаноја“, Максим Горки 19/18:00)

Скопје - Читачка промоција на стихозбирката „Рајсфершлус“ од Јулијана Величковска. (МКЦ, кино „Фросина“/20:30)

Скопје - Прес-конференција за претставата „Замисли нов свет“ проект на Македонски Телеком во соработка со МНТ. (Македонски народен театар/11:00)

Скопје - Отворање на изложба со наслов „Дијалог преку уметност“ на професори од Националната уметничка академија од Софија. (Галерија ФЛУ на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ - објект Педагошка/20:00)

Скопје - Самостојна изложба на ликовниот уметник и професор од Република Хрватска, Данко Фришчиќ. (Објект Мала станица при Националната Галерија на Македонија/20:00) 

Скопје - Концерт на ансамблот „Театро ала мода“ составен од музичари кои живеат и работат во Холандија. (Филхармонија, камерна сала/20:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан