• среда, 27 ноември 2024
МИА Најави МКД (ДПЛ)

22 септември 2023 

Њујорк - Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски ќе се обрати на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации. (Обраќањето е предвидено на сесијата што започнува во 15:00 часот по македонско време и може да се проследи во живо Home | UN Web TV General Debate - General Assembly, 78th session).

Скопје - Седница на собраниската Комисија за здравство. (Сала 4/13:00)

Скопје - Презентација на Годишниот извештај за темелните права на Агенцијата за темелни права на ЕУ. (Сала „Борис Трајковски“/10:00)

Скопје - Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска и министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска ќе учествуваат на конференцијата на тема „Зајакнување на жените и младите во борбата против корупцијата и во вградувањето на европските фундаментални права и вредности во регионот“ во организација на Форумот на жени лидери од ЈИЕ за добро владеење и антикорупција. (х.„Лимак“/10:00, изјави за медиумите по завршување на првата панел дискусија)

Скопје - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ќе се обрати на отворањето на годишниот министерски состанок, четврти по ред по усвојувањето на Декларацијата на партнерите од Западен Балкан за интеграција на Ромите во рамките на процесот на проширување на ЕУ. (х. Хилтон / 10:00; Прес-конференција со заклучоци од состанокот / 12:30) 

Охрид - Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, Марко Бислимоски ќе даде изјава. (х.„Гранит“/13:00)

Скопје - Прес-конференција за најава на активностите во рамки на проектот наменет за средношколци „YOU(th) are ALLRIGHT!“ во организација на Здружението Лидери за едукација, активизам и развој. (Простории на Europe House/11:00)

Кичево - Институтот за македонски јазик ,,Крсте Мисирков" во заедничка организација со Главниот одбор на СБМ од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи ќе положи цвеќе и ќе оддаде почит по повод 80 години од започнувањето на наставата на македонски јазик во училиштето во село Подвис. (11:00)

Скопје - Отворање на манифестацијата Европски денови на културното наследство 2023, со ревијата на етнолошки документарен филм. (Музеј на Република Северна Македонија, кино сала/11:30)

Скопје - Прес-конференција по повод театарскиот фестивал РУТА 2023 што од 03 до 08 октомври ќе се одржи во Драмски театар Скопје. (Драмски театар/12:00)

Битола - Нарација во уметноста и филмот, Румена Бужаровска и Ана Василева како дел од меѓународниот филмски фестивал „Браќа Манаки“. (Магаза/17:30)

Скопје - Презентација на едицијата СловоКулт: Словотека во организација на Културно информативниот центар – Скопје. (Салон Империјал 2/19:30) 

Скопје - Отворање на второто издание на Маалски фестивал со изложбата „кЛИК, сЛИК - сподели кирилица“. (КСП Центар Јадро/19:00)

Скопје - 9-то издание на меѓународниот фестивал на етнографски филм - ЕТНОФФ. (Кинотека на Македонија/19:00)

Скопје - Изведба на комедијата „Обвинителка". (Национална опера и балет/20:00)

Скопје - Агенцијата за млади и спорт ќе одржи прес-конференција по повод Европската титула на Игор Стефановски - Иџе. (12:00)

______________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

Остани поврзан