• четврток, 26 декември 2024

МИА Најави МКД (ДЛП)

МИА Најави МКД (ДЛП)
15 октомври 2022 Гостивар/Тетово – Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски ќе биде во работна посета на Гостивар и Тетово. - Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за здравство Беким Сали и генералниот директор на ТАВ Метин Батак ќе ја посетат болницата во Гостивар. (11:00, по посетата предвидена е изјава за медиуми на премиерот Ковачевски) - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе присуствува и ќе се обрати на отворањето на Центарот за младински активизам во Тетово. (ул. „Илинденска“, наспроти „Макпетрол“/ 14:00) Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски ќе одат во посета на Топлана Исток каде што ќе го одбележат почетокот на грејната сезона. (Топлана Исток - ул. 515 бр. 6,  10:00 - по посетата се предвидени изјави за медиумите). Охрид – Шести Конгрес на еколозите со меѓународно учество и прослава за обележувањето на 50-годишнината на МЕД. (х. „Метропол“/ 12:00, изјави за медиуми во фоајето на хотелот/ 11:00) Скопје – Втора конференција за UI/UX дизајн од Women in Tech MKD. (во просториите на Нетавиле, ул. „Никола Тесла“ бр. 9) Скопје – Дводневна работилница „Критичка материја и материја на критика: експериментално пишување преку феминистички и пост-хуманистички партиципативен уметнички пристап“ под раководство на Егле Амбрасаите од Литванија во организација на КСП Центар Јадро. (Во салата на Советот на Општина Центар/ 10:00) Скопје – Германската амбасадорката Холштајн со поздравно обраќање ќе ги отвори Филмските денови  на германскиот филм, а потоа како прв филм ќе биде прикажан „Јас сум твојот човек“, добитникот на Германската филмска награда 2021 година. (Кинотека/ 20:00) Скопје – Премиера на комичната претстава „Лагата“, работена според текст на современиот и актуелен француски писател, драматург, театарски режисер, сценарист и филмски режисер, Флоријан Зелер, а во режија на Бесфорт Идризи. (МНТ, голема сцена/ 20:00) Струга – Драмското студио „Миладин“ од Струга премиерно ќе ја изведе најновата комедија „Економската криза на сцена“ по драматизација и режија на истакнатиот струшки режисер и актер Ристе Миладинов. (голема сцена на Центарот за културата „Браќа Миладиновци“/ 20:00) Скопје – Промоција на првата книга за есеистиката на Горан Стефановски – книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски. (кај спомен-обележјето „Клупата на Горан Стефановски“, на скверот „Јас и ти“ во Дебар Маало/ 12:00) Скопје – Трибина: „Македонските книжевни списанија пред новите предизвици“. (ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“/ 11:00) Скопје – Презентација на уникатниот мултимедијален проект „Керамикум во мермер“, на академскиот скулптор Емил Солески. (во кино сала на Музејот на Македонија/ 12:30) ______________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***          

Остани поврзан