• среда, 27 ноември 2024
МИА Најави МКД 

28 февруари 2023 

Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја продолжи 104. седница. (14:00)

Скопје – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери ќе се сретне со новоименуваниот јапонски амбасадор Оцука Казуја. (Стар кабинет/ 10:00) 

Скопје – Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (сала „Борис Трајковски“/ 12:00) 

Скопје – Министерот за економија Крешник Бектеши ќе се обрати на презентација на студијата „Ефектите од кризата со храна и енергија врз децата и семејствата во Северна Македонија“ изработена од Finance Think во соработка со канцеларијата на UNICEF во Скопје. (х. „Александар Палас“/ 10:00, изјави за медиумите/ 9:45) 

Скопје – Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе одржи конференција на тема: „Дали Република Северна Македонија е фер земја? Како институциите заеднички да ја унапредат борбата против дискриминацијата?“ (х. „Хилтон“/ 9:30 – 14:00) 

Скопје – Работилница на ЕУ-проектот „ЕУ за човекови права: Вклучување на концептите за недискриминација во законодавството“. (М6 Едукативен центар/ 9:00 – 13:30) 

Скопје – Регионален  форум: „Локалните институции и спречувањето на насилниот екстремизам (СНЕ) и ресоцијализацијата, рехабилитацијата и реинтеграцијата (РРР): регионални пракси, воспоставени одговорности и процедури“, во организација на МЦМС. (х. „Холидеј ин“/ 11:00) 

Штип – „Права на интелектуална сопственост и географска ознака во областа на културниот туризам и културното наследство“, настан во организација на Македонската развојна фондација за претпријатија. (Факултет за туризам и бизнис логистика при УГД, амфитеатар, Кампус 4/ 11:00 – 12:00) 

Скопје – Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со Предизвици“ организира настан за одбележување на Денот на ретки болести. (Мала станица, Национална галерија/ 11:00) 

Скопје – Едукативен нетворкинг настан со АЕТМ и компанијата Visa. (Netaville/ 15:00 – 17:30) 

Скопје – Изведба на балетската претстава „Жизел“ од Адолф Адам. (Национална опера и балет/ 20:00) 

Скопје – Онлајн-промоција на романот од едицијата „Порта Европа“ – „Градина од стакло“ од Татјана Цибуљак. (на фејсбук-страницата на „Арс Ламина“/ 19:00) 

 

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

Остани поврзан