• среда, 25 декември 2024

МИА Најави-свет

МИА Најави-свет

20 Февруари 2024

Хаг – Пред Специјализираните совети за Косово продолжува судењето на поранешниот командант на ОВК Хашим Тачи и другите обвинети за воени злосторства во Косово и Албанија, 1998-99 година.

Лондон – Во текот на два дена, британскиот Висок суд ќе ја разгледа последната можна жалба на основачот на Викиликс Џулијан Асанж против одлуката за негова екстрадиција во САД.

Варшава – Протест на полските земјоделци поради мерките на ЕУ и увозот на украински производи.

Токио – Премиерот на Украина Денис Шмигал во посета на Јапонија.

Брисел – Состанок на министрите на земјите од Европската унија задолжени за европски прашања.

Берлин – На режисерот Мартин Скорсезе ќе му биде доделена почесната „Златна мечка“ на 74-от Меѓународен фестивал во Берлин.

Остани поврзан