• петок, 27 септември 2024

МИА Најави-свет

МИА Најави-свет

17 септември 2024

Рамала – Палестинскиот претседател Махмуд Абас доаѓа во дводневна посета на Мадрид на покана на Шпанија, откако земјата ја призна државата Палестина, соопштија официјални палестински извори.

Брисел – Средба на пратеникот на ЕУ Мирослав Лајчак и шефовите на преговарачките тимови во дијалогот меѓу Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бисљими.

Берлин – Средба на министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, и нејзините европски колеги во рамките на „Берлинскиот процес“.

Њујорк – Дводневна специјална седница и гласање во Генералното собрание на ОН за израелската окупација на палестинските територии.

Москва – Средба на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, и претседателката на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Мирјана Шпољариќ.

Стразбур – Претседателката на Европската комисија, Урсула ван дер Лајен, ќе разговара со лидерите на Европскиот парламент за конституирањето на новата Европска комисија.

Токио – Заеднички воени вежби на Јапонија и Франција.

Женева – Извештај на експерти на ОН за состојбата со човековите права во Венецуела.

Остани поврзан