• среда, 25 декември 2024

МИА во живо ќе го пренесува пристигнувањето на граѓаните од Авганистан

МИА во живо ќе го пренесува пристигнувањето на граѓаните од Авганистан
 Скопје, 30 август 2021 (МИА) - Медиумската информативна агенција (МИА) во живо на својата ФБ страна ќе го пренесува пристигнувањето на првата група граѓани од Авганистан на Меѓународниот Аеродром Скопје. Според информациите од Владата вечерва се очекува да пристигнат 149 граѓани на Авганистан, вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација Отворено владино партнерство (Open Government Partnership – OGP) каде што Северна Македонија е официјално членка, како и вработени и соработници на Transparency International, Wold Economic Forum и други меѓународни организации. -Станува збор за граѓани кои беа животно загрозени од талибанските структури и на кои им помагаме да си го спасат животот. Тоа се граѓани кои 20 години работеа за демократските институции, мисии и меѓународни организации во Авганистан, велат од Владата. На скопскиот аеродром ќе бидат прифатени од МНР, МВР, Црвениот Крст, Министерството за здравство и меѓународните организации, а ќе бидат сместени во хотели и мотели, како што беше претходно најавено. ев/дма/

Остани поврзан