МИА Најави – свет
- Во Хашкиот суд завршува дводневната расправа за жалбите против првостепената пресуда за генералот Ратко Младиќ, кој беше осуден на доживотен затвор за геноцид во Сребреница и злосторства прот
26 Август 2020
Хаг – Во Хашкиот суд завршува дводневната расправа за жалбите против првостепената пресуда за генералот Ратко Младиќ, кој беше осуден на доживотен затвор за геноцид во Сребреница и злосторства против човештвото во БиХ.
Берлин – Неформален состанок на министрите за одбрана на Европската унија.
Киев – Помошникот на американскиот државен секретар Стивен Бијегун во посета на Украина.
Атина – Грчкиот Парламент ќе гласа за трговски договор со Египет и Италија.