• понеделник, 18 ноември 2024

МИА Најави – МКД

МИА Најави – МКД

18 август 2022 

Скопје – Претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на ГШ, генерал-потполковник, Васко Ѓурчиновски ќе се обратат на централна свеченост по повод Денот на Армијата на Република Северна Македонија, која оваа година одбележува 30 години од формирањето. (касарна „Илинден“/ 10:00, претставниците на медиумите да пристигнат најдоцна/ 9:10) 

Битола – Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски ќе потпишат Договор за соработка за адаптација на дел од објектот на Домот за доенчиња и мали деца – Битола во детска градинка која ќе биде во состав на ЈОУДГ „Мајски цвет“ - Битола. (простории во Општина Битола/ 12:00) 

Скопје – Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 73-та седница. (на платформата ZOOMhttps://us06web.zoom.us/j/86854395988?pwd=MXFEdHNyeGNCcnRxQWpUc2QzUnZBQT09

  / 10:00) 

Скопје – Зелен ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) организира панел дискусија на тема „Отпад, регулација на отпад, состојби и решенија“. (прес-центар на ЦИВИЛ во Бизнис центар „Палома Бјанка“/ 13:30) 

Скопје – Отворање на 13. „МакеДокс“ – Земја во фокус – Чешка. (Куршумли ан/ 20:00) 

  _________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан