• сабота, 23 ноември 2024

МИА Најави – МКД

МИА Најави – МКД
17 септември 2022 Битола - Црвениот крст на Република Северна Македонија по повод одбележување на Светскиот ден по прва помош под мотото „Првата помош спасува живот“, организира Конвенција по прва помош. (Офицерски дом/ 11:00) Охрид – Мастер Клас со Ian Rochlin и Боби Мојсовски. (Универзитет за информатичка наука и технологија „Св. Апостол Павле“/ 12:00) Скопје – Германската амбасадорка во Северна Македонија Анке Холштајн ќе го отвори настанот по повод „30 години германско-македонска соработка“. (Градски парк, Школка/ 12:00 – 16:00) Охрид – Прес-конференција на Hub-kasarna по повод потпишување на официјален Протокол на синдикати на четири држави од регионот: Независен синдикат на Полицијата во Македонија, ССП Синдикат на српската полиција од Р. Србија, САСМВР Синдикална алијанса Сигурност на МВР од Р. Бугарија и Синдикатот на полицијата на Албанија. (Kasarna Hub – Охрид/ 11:00) Охрид – Разговори за касарна: Презентација на истражувања и изложба, настан организиран од АРХРИД Колектив. (Kasarna Hub – Охрид/ 18:00 - 20:00) Скопје – Централно собрание на Алијанса за Албанците. („Буши Ресорт“/ 12:00) Скопје – Под мотото „Ја чуваме македонската музика“ ќе се одржи концерт на најубавите македонски евергрини. (Филхармонија/ 20:00) Скопје – Во рамки на фестивалот „Звукот на Скопје“ ќе настапат бендовите „Љубојна“ „Баклава“, „Перија“, Дориан и Добрила дуо, и Тони Китановски. (на плоштад „Мајка Тереза“, пред Филхармонија и на Ибни Пајко) Скопје – Во рамките на 25. јубилејно издание на Скопје филм фестивал ќе бидат прикажани филмовите „Едно убаво утро“ на режисерката Миа Хансен - Лов од програмата Фокус на европски филм и најновиот филм на Гаспар Ное „Врлог“ од програмата Авторски филм. (Кинотека/ 20:00 и 22:00) Велес – Почнува 19. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“, под мотото „Во нови слики“. (НТ „Ј.Х.К. Џинот“/ 20:00) Скопје – 31. издание на Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро без граници“. (Дом на АРМ/ 19:00) Скопје – Прв меѓународен детски фолклорен фестивал „Златен вез 2022“ во организација на фолклорен ансамбл „Григор Прличев“. (ул. Ѓорче Петров“’/ 16:00) Скопје – Изложба „Маски и екрани“ (Masks and screens) на уметницата Наташа Неделкова. (Центар Јадро/ 20:00) Скопје – Велосипедска трка - „Куп на Град Скопје 2022“ во организација на Велосипедската федерација на Македонија. (старт на трката на ул. „Димитрие Чуповски“/ 16:00)   ______________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Тагови

Остани поврзан