• сабота, 23 ноември 2024
МИА Најави – МКД
7 јуни 2021 Скопје - Седница на собранискиот Национален совет за евроинтеграции. (Сала „Борис Трајковски“/12:00) Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6/11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала на Уставна комисија/12:30) Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 6/13:00) Скопје - Прес-конференција на министерот за економија Крешник Бектеши за Програмата за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување уред за погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во возилата. (пред влезот на Министерството за економија/11:30) Скопје - Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски ќе се обрати на тркалезна маса по повод Светскиот ден на безбедна храна - 7 јуни. (х. „Александар Палас“/10:10, изјави за медиуми 10.00) Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 49-тата седница. (простории на ДКСК на адреса Пресвета Богородица број 3/10:00) Скопје - Претставување на наодите од истражувањето „Искуствата и ставовите на директорите на училиштата, наставниците и родителите во врска со учењето на далечина“.(Зум/10:00) Охрид - Прес-конференција на Независната угостителска комора. (х.„Су“/11:30) Скопје - Онлајн прес-конференција на Стопанската комора на Северна Македонија на тема „Значењето на 'ладниот ланец' на дистрибуција во обезбедување високо квалитетни и безбедни млечни производи“.(https://mchamber.webex.com/mchamber/j.php?MTID=m2e18b72c000c72bfe4d1d64153c17baa /12:00) Скопје - Претставување на туристичката понуда на Црна Гора. (ресторан „Ореов лад“/13:00) Скопје - Онлајн информативна сесија за грантова шема. (регистрација на https://forms.gle/VfvzhSneefMUt1Jo6/10:00) Скопје - Промоција на книгата „2 минути и 40 реда“ од Александра Јуруковска. (платото пред Младинскиот културен центар во Скопје/20:00) Скопје - Мастерклас на хрватскиот илустратор Свјетлан Јунаковиќ на 3.Фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2021“. (https://forms.gle/JdHpgJRZHgAjE4aV8/18:00) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан