• сабота, 27 јули 2024

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет
9 мај 2022 Стразбур - Завршува конференцијата за иднината на Европа, а ќе присуствуваат претседателите на Европската комисија и на Европскиот парламент, Урсула фон дер Лајен и Роберта Мецола, како и претседателот на Франција, Емануел Макрон, чија земја во моментов претседава со ЕУ. Берлин - Францускиот претседател Емануел Макрон е во посета на Германија, каде ќе се сретне со канцеларот Олаф Шолц, а ова ќе биде негово прво патување во странство на почетокот на вториот претседателски мандат. Москва - Воена парада по повод Денот на победата и крајот на Втората светска војна. Манила - Претседателски избори на Филипините.

Остани поврзан