• сабота, 27 јули 2024

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет
20 август 2021  Москва - Германската канцеларка Ангела Меркел пристигнува во Москва на разговори со рускиот претседател Владимир Путин. Брисел - Шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО оддржуваат онлајн средба за ситуацијата во Авганистан, по што ќе следи прес конференција на генералниот секретар Хенс Столтенберг. Талин - Претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли ќе учествува на свеченоста по повод 30-годишнината од независноста на Естонија и ќе има повеќе средби со државниот врв. Барселона - Каталонските власти го укинаа полицискиот час, што беше воведен заради ширењето на Ковид-19. Москва - Една година од труењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални.  

Остани поврзан