• сабота, 27 јули 2024

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет
15 септември 2022  Брисел - Европската комисија ќе претстави предлог за нов инструмент за заштита на внатрешниот пазар на ЕУ. Потсдам - Медиумска конференција М100 на која ќе учествуваат и украински новинари. Најавен е говор на германскиот канцелар Олаф Шолц. Берлин - Седумдесетгодишнина од договорот меѓу тогашната Сојузна Република Германија и Израел за репарации. Се очекува да присуствува и германскиот канцелар Олаф Шолц. Вашингтон - Конференција организирана од американскиот претседател Џо Бајден против екстремизмот „United We Stand". Самарканд, Узбекистан - Почеток на дводневниот годишен самит на Шангајската организација за соработка, на кој присуствуваат претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Кси Џинпинг. паг/

Остани поврзан