• недела, 01 септември 2024
МИА Најави - свет
17 мај 2022 Меѓународен ден против хомофобијата и трансфобијата Брисел - Втор ден од Советот за надворешни работи на ЕУ. Луксембург -  Евростат ќе ја објави првата проценка за растот на бруто домашниот производ на ЕУ и еврозоната и за стапките на вработеност. Брисел - Министрите за одбрана на ЕУ се собираат на дебата за состојбата со војната во Украина. Јоханесбург – Треба да почне судењето за корупција на поранешниот јужноафрикански претседател Џејкоб Зума. Стокхолм - Финскиот претседател Саули Ниинисто ќе отпатува за Стокхолм во посета на шведскиот крал Карл XVI Густаф. Карлсруе  -Германскиот Уставен суд ќе донесе пресуда за контроверзниот данок на кревети, на кој се жалеа повеќемина сопственици на хотели. Кан – Почнува Канскиот филмски фестивал. Отава -Британскиот принц Чарлс и неговата сопруга Камила до четврток ќе престојуваат во Канада.

Остани поврзан