• сабота, 23 ноември 2024

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет
26 октомври 2021 Берлин - Конститутивна седница на Долниот дом на германскиот парламент - Буденстаг, по парламентарните избори одржани на крајот на септември. Баку - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во посета на Азербејџан. Стокхолм - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг престојува во дводневна посета на Шведска. Москва - Јужнокорејскиот министер за надворешни работи Чун Ју-јо ја започнува тридневната посета на Русија. Луксембург - Министрите за енергетика од ЕУ присуствуваат на итен состанок во Луксембург, на кој ќе се разговара за нивниот одговор на скокот на цените на енергијата. Брисел - Белгискиот премиер Александар де Кро е домаќин на настан во белгиската „Долина на здравјето и биотехнологијата“ со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Париз - Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер и гувернерот на Централната банка Франсоа Вилерој де Галау ќе зборуваат на годишната конференција за финансирање на климата.

Остани поврзан