• сабота, 28 декември 2024
МИА Најави МКД
20 јули 2021  Скопје – Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче на увид на реновираното крило на Клиниката за ортопедија на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ). (10:00, по увидот предвидени се изјави за медиумите) Скопје – Изјави за медиуми на премиерот Зоран Заев, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и  градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев по повод почетокот на изградбата на клучката помеѓу булеварите „Никола Карев“ и „8 Септември“ кај Момин Поток. (кај автосалонот „Субару“, локација: https://goo.gl/maps/xyxsCkneYGuAtJRw7 /11:00) Табановце – Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и  министерот за инфраструктура, градежништво и сообраќај на Србија, Томислав Момировиќ, на Граничен премин Табановце ќе поделат М-кард картички за патарина на граѓани на Република Србија. (Граничен премин Табановце /12:00, изјави за медиумите /12:20) Скопје – Прес-конференција на Националниот блок „Не отворам врата“. (во седиштето на ул. „Даме Груев“ бр. 10 /12:00) Битола – Изложба „Пејзажна стилизација“ од ликовниот уметник Панде Петровски. (Магаза /20:00) Скопје – Миниконцерт на гудачкото трио „Тринити стрингс“ во организација на Општина Аеродром. (Парк под светилки, во близина на слаткарницата „Палма“ / 21:00) _________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан