• среда, 25 декември 2024
МИА Најави МКД
14 јуни 2021  Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Собрание на РСМ/ сала „Борис Трајковски“ /11:00) Скопје - Изјави за медиумите на министерот за правда Бојан Маричиќ и претседателот на Здружението на судии Џемали Саити. (Министерство за правда/13:00)

Букурешт - Министрите за земјоделство, шумарство и водостопантсво и за економија, Арјанит Хоџа и Крешник Бектеши, и македонскиот амбасадор во Романија, Габриел Атанасов, ќе отворат „Недела на македонски производи“ - еднонеделна промоција на домашни земјоделски и прехранбени производи . (Стопанска комора на Романија/11:00)

Врапчиште - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на општина Врапчиште Исен Шабани ќе извршат увид на реконструкција на патниот правец до село Зубовце, која се реализира преку проектот „Поврзување на општините со локaлни патишта”. (Изјави за медиуми пред село Зубовце, регионален пат / 10:30)

Скопје - Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и заменик-амбасадорот на Норвешка Геир Јохансен ќе промовираат нова опрема на Лабораторијата за хроматографска анализа на Институтот за хемија. (10:00;  Изјави во 10:20) Струга - Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко ќе извршат увид на платформите на Охридското езеро во Струга. (Ресторан Версус/10:30) Скопје - Прес-конференција на Стопанската комора на Северна Македонија на тема „Дигитализација и воведување напредни вештини за енергетска ефикасност во градежниот сектор. (https://mchamber.webex.com/mchamber/j.php?MTID=m0d8d0aab7b6c55cd3012fdd7b21e5868 / 11:00) Охрид - Центарот за управување со кризи организира Финална планирачка конференција во рамки на подготовките за вежбата што ќе се одржи во септември во организација на НАТО-Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC). (х. „Инекс Олгица“, отворање на конференцијата 10:00; Прес-конференција /11:00) Скопје - „Зајакнување на владеењето на правото на Западен Балкан: Стари алатки за нови правила?“ во организација на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ - Скопје, Политикон мрежата (ПИН) и Центарот за современа политика. (Зум-платформа https://us02web.zoom.us/j/83936387262#success / 10:30) Скопје - Панел-дискусија на тема „Обединети во различностите: Рамноправност и недискриминација во Република Северна Македонија“ во организација на Центарот за европски истражувања и анализи „Еуропроспера“. (Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, сала на приземје / 12:00) Скопје - Јавна трибина „Прашањето на граѓански придонес во развојот на општините“ во организација на Меѓународното здружение „Култирно ехо - Скопје“ - член на Националниот младински совет на Македонија. (Кинотека / 13:30) Скопје - Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев ќе им додели признанија на првенците на генерација од десетте основни училишта во општината. (Еко-училница на ООУ „Вера Циривири-Трена“ / 10:00) Скопје - Осмо издание на  „Виолин-фест“. (Камерна сала во Филхармонија / 20:00) Скопје - Промоција на книгата „Да ти се погоди да живееш во интересни времиња“ од Весна Дамчевска, во издание на „Антолог“. (Плато пред Младинскиот културен центар / 20:00) Скопје - Актерот, водител и пејач Жарко Димоски ќе ја промовира неговата прва книга „Пеперутка“ и новата песна со видеозапис „Танцувај со мене“. („Рагуза 360“ / 20:30) __________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан