• сабота, 27 јули 2024
МИА Најави МКД
18 мај 2022  Скопје - Премиерката на Србија Ана Брнабиќ во работна посета на Северна Македонија: - Пречек и средба со премиерот Димитар Ковачевски (Плато пред Влада на Република Северна Македонија/ 9:00, пристигнување на медиуми /8:40) - Обраќања на Ковачевски и Брнабиќ на панел во рамки на Самитот во организација на „Македонија2025“, по што се предвидени изјави за медиуми. (х. „Мериот“ /10:20-11:20 https://www.youtube.com/watch?v=57zhMQC7PA4&feature=youtu.be)

Скопје - Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ќе одржи тематска конференција за Преспа Форум за Дијалог 2022. (МНР/11:00, пристигнување на медиумите/10:50)

Скопје - Регионален Самит во организација на Македонија2025. (х.„Мериот“ /10:00, изјави за медиуми /11:30)

Тетово - Изјава на градоначалникот на Тетово, Билал Касами во врска со почетокот на работите на булеварот „Благоја Тоска“. (Кај средно текстилно училиште, на местото каде што се одвиваат работите /12:00) Скопје - Работилница на тема „Пет години од имплементацијата на Законот за укажувачи. Значењето на овој закон во борбата против корупцијата“ во организација на Транспаренси Интернешнл-Македонија. (х.„Александар Палас“ и https://us06web.zoom.us/meeting/register/tZMkcOiqrzoqHdVS4ge6Grh9D_qw-uK1Jzbc /10:00) Неготино - Отворена презентација на средства и опрема на Армиите кои учествуваат на големата меѓународна воена вежба „Swift Response 22“ во организација на Армијата на Република Северна Македонија и Армијата на САД за Европа и Африка. (Спортски комплекс /16:00-18:00) Скопје - Меѓународна конференција за отворени податоци на тема „Податоците и културата на отвореност“ во организација на Фондација Метаморфозис. (х.„Холидеј ин“ /12:00) Скопје - Здружението Македонски национален комитет на Меѓународниот совет на музеите организира советување на тема „Моќта на музеите“. (НУ Музеј на Република Северна Македонија/11:00)

Скопје - Финален настан проект Еразмус + „Поттикнување на претприемништво со подобрени вештини  преку иновативно учење“. (Простории на EU House - ЕУ Делегација /10:00)

Скопје - Онлајн Регионална конференција за праведна транзиција во рамки на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ финансиски поддржан од Шведската агенција  за меѓународна соработка и развој – Сида, а раководен од Еко-свест Скопје во соработка со партнерските организации Македонското здружение на млади правници (МЗПМ) и CVNP Foundation. (Платформа Зум - https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdxCuMmGUjK_DTQaUNrid9lt0CbME2x4XPnH9cSJevjrOZ1VQ/viewform /10:00) Скопје - Економскиот институт - Скопје, како единица на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, организира свеченост по повод одбележување 70 години од своето постоење. (Простории на M6 Едукативен центар /11:00) Скопје - Прес-конференција по повод одбележувањето на јубилејот - 75 години „Вардар филм“, каде ќе биде јавно презентирана програмата што ќе се реализира во текот на оваа јубилејна година. (НУФЦ „Вардар филм – Скопје“, сала за проекции /12:00) Скопје - Советување на тема „Моќта на музеите“ во организација на здружението Македонски национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ). (НУ Музеј на РСМ /11:00) Скопје - Тимот на Авалон Продукција и „Дајте музика“ ќе одржат прес-конференција по повод претстојниот концерт на „Дајте музија“. (ресторан Работнички - Градски парк /13:00) Скопје - Промоција на книгата „Великата лирска песна“ од Санде Стојчевски. (ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ /12:00) Скопје - Промоција на романот „Старецот и короната“ од писателот Јован Дамјановски. (Книжарница Матица Ексклузив /12:00) Скопје - Промоција на книгата „Разнишан свет“ од Ирена Јурчева. (Салон 19:19 /19:19) Скопје - Отворање на изложбата „Гозби за живите, претците, боговите и светците“. (Музеј на Северна Македонија /12:00) Скопје - На Скверот „Јас и ти” во Дебар маало-Скопје ќе се реализира проектот ТРИПТИХ кој претставува спој на три изразни видови на уметност. (20:00) Скопје - Изведба на претставата „Птица со главата меѓу нозе“ во режија на Коле Ангеловски. (Сцена на  Драмски театар /20:00) Скопје - Изведба на оперската претстава „Лучија од Ламермур“ од Гаетано Доницети. (Национална опера и балет /20:00) Скопје - Скопскиот џез фестивал ќе одржи промоција на новото издание на SJF Records - првата дискографска објава на Пијан Славеј. (Макка бар, бул. Св.Климент Охридски 60 /20:00) Скопје - Националната пливачка федерација ќе одржи прес-конференција. (13:00) Скопје - Републичкиот противпожарен сојуз на Македонија и Противпожарниот сојуз на Град Скопје организираат пожарникарски крос натпревар за учениците од основните училишта од градот Скопје. (Кеј на реката Вардар во близина на салата Јане Сандански /10:30) Тетово - Отворање на FIRST LEGO League во организација на FIRST LEGO League - Академија за роботика и иновации Скопје. (ПСУ „Јахја Кемал“ Боговиње /10:00) ____________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***    

Остани поврзан