• среда, 25 декември 2024
МИА Најави МКД
20 јануари 2022  Скопје - Седница на Комитетот за односи меѓу заедниците. (Сала на Уставна комисија/ 12:00) Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши, директорката на Бирото за метрологија Мерита Мустафаи и в.д. директорката на Државен пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска ќе ја промовираат лабораторијата за испитување на квалитетот на мазутот. (Биро за метрологија, бул.„Јане Сандански“ бр.109-а/11:00, изјави за медиуми/11:30) Скопје - Советот на Град Скопје ќе ја одржи четвртата седница. (Фејсбук страна на Град Скопје/ 11:00)

Скопје - Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски ќе го презентира Буџетот на Општина Аеродром за 2022 година. (х.„Хилтон“/ 11:00)

Скопје - „Институтот за добро управување и евроатлански перспективи (ИДУЕП) и фондацијата „Фридрих Науман“ организираат тркалезна маса на тема „Како до е-општини од интерес на граѓаните?“ (https://www.facebook.com/fnfsee/11:00) Скопје - Онлајн истражување на Мрежата ФИСКАСТ за давачките што приватните субјекти ги имаат кон локалната самоуправа. (https://www.youtube.com/channel/UCvFA1qTrIXtf2m4LLrCxvtQ) Скопје – Архиерејска златоустова литургија по повод Собор на Свети Јован Крстител. (Црква „Св. Јован Крстител“ во Ново Лисиче/ 09:00) Скопје - Оркестарот на Филхармонија ќе го одржи првиот концерт во вториот дел од концертната сезона, насловен „Галантна Индија“. (Филхармонија/ 20:00) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***  

Остани поврзан