• среда, 25 декември 2024
МИА Најави МКД
16 јуни 2022  Охрид -  Втора едиција на Преспа форумот за дијалог, насловен „Градење на иднината на Западниот Балкан во современата европска безбедносна архитектура“, во организација на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. Охрид - Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ќе ја отвори 15. конференција на началниците на генералштабовите на армиите од балканските земји. (х.„Метропол“/9:00, новинарите, снимателите и фоторепортерите треба да пристигнат најдоцна до 08:30изјави за медиуми на генералот Ѓурчиновски/15:50, новинарите, снимателите и фоторепортерите треба да пристигнат половина час пред почетокот на изјавата) Крушево - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски ќе извршат увид во рехабилитација на улицата „Питу Гули“. (Изјави за медиуми на ул.„Питу Гули“/13:00) Скопје - Генералниот директор на Агенцијата за европска интеграција и економски развој (АЕИ), Хајдрун Занета ќе одржи средба со медиумите на која ќе стане збор за можностите, достигнувањата и пречките на патот на Северна Македонија кон Европската Унија. (Простории на извршната канцеларија на проектот, ул.„Максим Горки“ бр.11, втор влез, 4 кат/9:00) Охрид - Интернационална конференција „Дигитално граѓанско општество“ во рамки на проектот SINet – Social Innovation Network поддржан од Europe for Citizens програмата, а спроведуван од Порака Нова во соработка со Општина Охрид. (Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“/9:00) Скопје - Манифестација „Средба на првиот со најдобрите“ под покровителство на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, а во организација на Дирекцијата за култура и уметност. (Градски парк, лeтна сцена „Школка“/19:00) Скопје - Прес-конференција на Партијата Демократски сили на Ромите. (х.„Континентал“/11:00) Скопје - Технолошко-металуршкиот факултет по повод Денот на Факултетот организира Модна ревија насловена „Метаверзум или универзум“. (19:30) Скопје - Отворање изложба за личноста и творештвото на Омер Калеши организирана во соработка со Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје и членови на неговото семејство. (Чифте амам/12:00) Скопје - Изложба на студенски проекти на тема „Архитектурата на новата реалност“.  (Дом на градежници, Галерија „Ко-Ра“/19:00)  Скокпје - Промоција на поемата „Алгоритмеа: Евлогија за дигиталните богови“ од Стефан Марковски. (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, спомен собата Браќа Миладиновци/19:00) Скопје - Промоција на книгата „Слободата на стихот“, студија за македонскиот слободен стих од Сузана В. Спасовска. (Кинотека, Летно кино/19:00) Скопје - Промоција на книгата „Кутикула“ од Будимка Поповска. (Салон 19:19/19:19) Битола - „Недела на јапонски филм“ во Битола. (Центар за култура, мало кино/ 20:00) Рига - Во рамки на интернационалниот фестивал за современ танц во Латвија, „Laikis Dejot“ ќе се изведе кореографијата „Не ми ги допирај очите“ на Адријана Данчевска, во продукција на Скопје танцовиот театар, во која настапуваат Анастасија Данчевска и Дејан Битровскина. (Сцена на „NOASS" центарот) ————————————————————————————————————————— ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Тагови

Остани поврзан