• среда, 25 декември 2024
МИА Најави МКД
23 јули 2021  Скопје – Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски ќе ги одликува Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов и Ремзи Несими, постхумно, и Живко Мукаетов со Орден за заслуги за Република Северна Македонија. (Кабинет на Претседателот /10:30) Скопје - Продолжува 47. седница на Собранието на Република Северна Македонија. (сала „Македонија“/12:00) Скопје – Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (сала „Борис Трајковски“ /10:00) Штип - Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на Штип, Сашко Николов ќе се обрати на свеченоста по повод почетокот на изградбата на браната на река Отиња во Штип. (локација/14:00) Скопје – Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на ФИТР, Коста Петров, на заедничка прес-конференција ќе го презентираат јавниот повик за дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција за потребите на програмите за државна помош на Владата на Република Северна Македонија реализирани преку планот за економски раст, кој е објавен од ФИТР. (на македонски јазик:  https://youtu.be/5BU4o_vQZGs и на албански јазик: https://youtu.be/myp7YoSlHy0/11:00) Скопје – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, ќе ги потпише договорите со кои се доделува финансиска поддршка за развој на планските региони, во областа на земјоделството и руралниот развој. (во големата сала на МЗШВ /12:00) Скопје – Министерството за информатичко општество и администрација ги поканува сите засегнати страни да учествуваат на отворената Јавна расправа за нацртот на Националната стратегија за ИКТ 2021-2025 и придружниот Акциски план. (Клуб на пратеници /11:00) Скопје – Транспаренси Интернешнл – Македонија (ТИ-М) во рамки на активноста: „Јакнење на капацитетите на институциите во борбата против корупцијата“ ќе го презентира Извештајот за проценка на ранливост од корупција при процедурите за вработување во јавниот сектор за периодот од април до јуни 2021 година. (на платформата ZOOM, https://us06web.zoom.us/j/87339766962?pwd=UGVvdmZJZHhEY0QxVEhWcm9IcXU1dz09  /14:00) Скопје - Прес-конференција на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов по повод претстојниот настан „Филхармонија и Архангел за Скопје“. (бифе на Филхармонија, кај паркот Ибни Пајко  /13:00) Скопје - Коалицијата Менуваме ќе презентира барања за „социјална правда за достоинствен живот на лицата со попреченост согласно член 118 од Уставот“. (Парк на жената борец/12:00)  Скопје – Во рамки на „Скопско лето“ 2021 ќе биде организиран настан посветен на Младинско радио „Клуб 100“ – прво независно радио во скопскиот и македонскиот етер. (Куршумли Ан /20:00) _________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан