• недела, 28 јули 2024
МИА Најави МКД
26 август 2021 Скопје - Премиерот Зоран Заев заедно вицепремиерите Артан Груби и Фатмир Битиќи ќе присуствуваат на отпочнување на изградбата на мостот „Љубљанска“. (пред зградите на Елена Лука во Карпош 4, локација: https://goo.gl/maps/xqqtbjHF41r1i4Nx5  / 10:00, по настанот предвидени се изјави за медиуми) Скопје – Министерот за надворешни работи и министерот за внатрешни работи, Бујар Османи и Оливер Спасовски ќе ги промовираат новите базни станици во дипломатско-конзуларните претставништва. (простории на МНР/11:30) Куманово – Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе се обрати на свеченост по повод 22 години од формирањето на Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG). (касарна „Боро Менков“/ 9:40, медиуми најдоцна до 9:30) Пробиштип – Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката - Скопје, Кристијан Трајковски ќе извршат увид на социјална зграда. (изјави на ул. „Христијан Тодоровски Карпош“ пред социјалната зграда во Пробиштип/ 11:00) Скопје -  Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу ќе присуствуваат на почетокот на работните активности на проектот од ТАВ програмата за реконструкција на подземна инфраструктура на повеќе улици во населбата Серава, во општина Чаир. (Изјави за медиуми на раскрсница помеѓу улиците Пере Тошев и Максут Садик во населба Серава/11:00) Скопје – Центарот за економски анализи (ЦЕА) во соработка со Институтот за комуникациски студии (ИКС) ќе ги презентираат наодите од мониторингот врз институциите во областа на хидролошката дејност - Управата за хидрометеоролошки работи, Јавното претпријатие за водостопанство „Лисиче“, Јавното претпријатие „Хидросистем Злетовица“ и АД Електрани на Северна Македонија. (платформа ZOOM  https://zoom.us/j/98722041387 / 10:30) Скопје - Прес-конференција на движењето „Поддршка за онлајн настава“. (пред Влада/12:00) Скопје – Свечена академија по повод 111-годишнината од раѓањето на Гонџе Бојаџиу - Мајка Тереза на која ќе биде промовиран елаборатот на албански, македонски и англиски јазик: „Нашата светица под заштита на државата“. (плоштад „Македонија“, пред спомен - плочата на темелите на куќата на Мајка Тереза/ 10:00) Дојран - Откривање на спомен скулптурата/урбана инсталација  „СРЦЕ ЗА ВЕЧНОСТА", која е изработена во чест и благодарност кон хуманоста и човечноста на семејството на Емилија Динева, првиот донор на срце и органи во земјава. (Градски парк во Стар Дојран/ 12:00) Скопје – Издавачката куќа „Готен“ во рамки на проектот „Превод во движење“ (Translation in Motion) организира разговор со преведувачките Марјанџела Бјанкофјоре и Анамарија Цинеге Панзова. (платформа ZOOM/ 20:00) ______________________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан