• недела, 06 октомври 2024
МИА Најави - МКД
2 јули 2020  Скопје - Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи ќе одржи прес-конференција. (Плоштад „Мајка Тереза" пред просториите на Секретаријатот за европски прашања/10:00, пристигнување на медиумите/9:45) Скопје - Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски ќе го посетат производствениот објект на компанијата „Индустри сервис“. (нас. Маџари, ул.„Благоја Стефковски“ граничи со средното електро техничко училиште „Михајло Пупин“/13:00, изјави за медиуми пред објектот на „Индустри сервис/13:30) Скопје - Министерката за финансии Нина Ангеловска ќе одржи прес-конференција на тема „Извршување на буџет за јуни 2020“. (Прес-центар на Владата, фотограф/11:00) Охрид - Евроамбасадорот Самуел Жбогар ќе одржи средба со  градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски. (Изјави за медиуми на плажата „Горица 3“/12.00) Скопје - Движењето на слободни граѓани ќе одржи прес-конференција. (Простор помеѓу Основен суд 1 и Основен суд 2) Скопје - Онлајн промоција на романот „Курвински хроники“ на Александар Русјаков. (Платформа „Зум“ (Zoom) и на „Фејсбук“ преку профилот на „Литература.мк“/19:00) ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020  Скопје - Лидерот на СДСМ, Зоран Заев ќе даде изјава за медиумите. (пред Собрание на РСМ, главен влез/9:00) Дебар/Тетово/Скопје/Неготино - Носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ ќе остварат средби со граѓани и ќе дадат изјава за медиуми. -Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ги посети општина Дебар/15:30, општина Маврово Ростуше/17:00, општина Гостивар/18:30 и општина Тетово/20:30. -Носителот на листа во ИЕ2, Владо Мисајловски ќе даде изјава во 12:15 часот во Визбегово, а во 18:30 часот ќе оствари средба со жителите на Ѓорче Петров во ромско маало. -Носителот на листа во ИЕ 3, Игор Јанушев, ќе оствари средба со жителите на општина Свети Николе каде во 10:15 часот е предвидено изјава за медиуми во центарот на градот. Во 14:15 часот е предвидено да биде дадена изјава заедно со Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ локација кафе бар Феникс (центарот на градот). -Носителот на листа во ИЕ 4, Алекснадар Николоски ќе оствари средба со жителите на село Пепелиште општина Неготино во 18:30 часот, а во 20:00 часот ќе оствари средба со жителите на село Криволак општина Неготино.ретседателот на СДСМ, Зоран Заев ќе даде изјава за медиуми. Скопје - Караванот на Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија“ ќе оствари средби со граѓаните во скопските општини кои припаѓаат на изборните единици број 1 и 2. - Носителите на листи во и.е. 1 и 2, Билјана Џинго и проф. д-р Јове Кекеновски како и претседателот на Единствена Македонија проф. д-р Јанко Бачев ќе дадат изјави за медиумите пред спомена куќата на Мајка Тереза на ул. „Македонија“. (11:30) Скопје - Прес конференцијата на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива „Сега е време“. (Плоштад Скендербег“, изборен штаб/12:00) ____________________________________________________ *МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***
 
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан