• среда, 18 декември 2024
МИА Најави МКД
23 јули 2020 Скопје - Прес-конференција на директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски за резултатите од Јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19. (онлајн и пренесувана во живо од Медија центарот на Владата на РСМ/11:00) Скопје - Седница на Државната комисија за спречување на корупцијата. (11:00) Скопје - Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска ќе се обрати на Првата онлајн-работилница за новинари посветена на податоците и соопштенијата на Народната банка за позначајните движења кај останатите финансиски институции (ОФИ). (на платформата „Вебекс“/11:00) Скопје - Граѓанските организации Здружение ЕСЕ, Здружение Романо Чачипе, НВО КХАМ и Здружение ИРИЗ ќе одржат онлајн конференција за медиуми на тема: „Предизвици со кои се соочуваат жените, мајките и децата Роми во пристапот до превентивната здравствена заштита“. (https://us02web.zoom.us/j/87204631351  /10:00) Гостивар - Граѓанската иницијатива „СТОП РУСИНО“ од Гостивар ќе одржи мирен протест со цел да се искаже граѓанскиот став и револт за дивата Депонија Русино. (поаѓање со автомобили на новиот мост на ул. „101“, покрај стадионот/18:00) Скопје - Започнува џез фестивалот „Крај Вардарот Џез“ на кој ќе настапат седум македонски џез состави. (во паркот зад Младинскиот културен центар/19:45) Скопје - Изложба на Зулејха Али Зубери „Квалитет и квантитет“ - цртежи и графики. (Галерија „КО-РА“ - голем салон/19:00) Скопје - Онлајн промоција и разговор со словенечкиот философ Славој Жижек за неговата нова книга „Пандемија“. (фејсбук-страницата на „Литература.мк“/19:00) Скопје - Промоција на крими романот „Виенски гамбит“ од младиот македонски автор Анде Јанков. (на платото на МКЦ/20:00) _________________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан