• сабота, 23 ноември 2024
МИА Најави МКД
19 мај 2022  Охрид - Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, ќе извршат увид во градежните активности на Поделница 5 на автопатот Кичево - Охрид. (Изјави за медиуми кај населеното место Горенци, на 2 километри пред Аеродромот Св. Апостол Павле/14:00)  Делчево - Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски ќе потпишат Договор за изградба на детска градинка. (Простории на Општина Делчево/9:30, изјави за медиуми) Скопје - Советот на Град Скопје ќе ја одржи 11-та седница. (Фејсбук страна на Град Скопје/11:00) Скопје - Втор ден од 11-тиот „Самит Македонија 2025“ (х.„Мериот“/9:30) Скопје - Фондацијата Конрад Аденауер, Европското движење во Република Северна Македонија и Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел ќе одржат панел дискусија на тема „Демократијата во Европа – 30 години по Мастришкиот договор: Нови прашања за европската иднината и дилемите поврзани со проширувањето“. (Ragusa Rooftop, Катна гаража „26 Јули”, Св. Кирил и Методиј бр.1/11:00)

Скопје - По повод одбележување на 73-годишнината од основањето на Универзитетот и одбележувањето на „24 Мај“ - Денот на светите Кирил и Методиј - патрониот ден на Универзитетот ќе бидат доделени пофалници и награди на најдобро дипломираните студенти во учебната 2020/2021 година на УКИМ.(Плато пред влезот на Ректоратот/12:00)

Скопје - Настан „До врвот на успехот по патот на занаетот“ во рамки на Денови на занаетчиството ќе се презентираат Средните стручни училишта од Град Скопје кои ќе ги претстават струките и профилите пред деветооделенците. (Основно училиште „Блаже Конески”, Општина Аеродром /11:00)

Скопје - Во организација на Катедрата за македонска книжевност и култура при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе се одржи настан „Лирскиот дом на Шопов– отворени образовни и културни ресурси“ (https://us02web.zoom.us/j/82945121947?pwd=KLix_zDIj3fuTTskA-tNgxZ4sE4ids.1/12:00) Скопје - Свеченото промовирање на улицата „Укшин Хоти“ (поранешен „Лазар Танев“) каде ќе биде организирана и изложба посветена на дејноста на Укшин Хоти во организација на Општина Чаир. (Стара скопска чаршија во близина на Домот на занаетчии/11:00) Скопје - Финален настан Еразмус + "Поттикнување на претприемништво со подобрени вештини преку иновативно учење". (Простории на EU House - ЕУ Делегација/10:00) Скопје - Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР) ќе додели признанија „HR-Менаџер на годината“, „HR-Практика на годината“ и „Млад HR-ентузијаст на годината“. (Public Room/20:00) Делчево - Општина Делчево во партнерство со Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ и Министерството за култура организира свеченост под мотото „Делчево го чествува аманетот“. (Двор на црквата „Св.цар Константин и царица Елена“ село Разловци/10:30)  Скопје - Книжевна вечер со Емануела Ковачевска-Китановска. (Салон 19:19/19:19) Куманово - Промоција на монографиите „Добри Трендафиловски Добрин“, „Исени Реџаи“, „Ѓорѓе Шијаковиќ“ и „Димитар Стојчевски“, како и книгите „АртМемориам“ и „Наива“. (Занаетчиски дом/12:00) Скопје - Продажна уметничка изложба “Времеплов” на Кате Биновска. (Дневен центар за рехабилитација и ресоцијализација на ХОПС/16:00) Куманово - Отворање клупска изложба на фотографија Мајски Салон 2022. (Центар за култура “Трајко Прокопиев”, фоаје/19:00) Скопје - Одбележување 20 – годишнина од освојувањето на европската шампионска титула на ракометниот женски клуб Кометал – Ѓорче Петров. (Ресторан „Буши“ на Кале/16:00) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан