• среда, 25 декември 2024
МИА Најави МКД
30 септември 2022 Скопје – Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 86.седница. (сала „Македонија“/ 13:00) Скопје – Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала на Уставна комисија/ 11:00) Скопје – Дирекцијата за заштита и спасување организира настан под слоганот „Цивилната заштита помеѓу институциите и граѓаните“. (СЦ „Борис Трајковски/ 09:00, примопредавање на противпожарни возила/13:00) Скопје – Трибина: „Како да се радуваме во кризни времиња?“ во организација на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ). (Музеј на македонската борба/18:00) Скопје – Промоција на публикацијата: „Францускиот предлог“: Говор на омраза, дезинформации, медиумски манипулации (медиумски анализи), во организација на Институтот за медиуми и аналитика (ИМА). (х. „Сити Парк“/ 12:00) Скопје – Во рамки на проектот „Образование за вработување“ – Е4Е@mk“, ќе се одржи средба на која ќе се дискутираат теми поврзани со стручно образование и обука и вклучување на приватниот сектор во образовниот процес. (х. „Квинс“, ТЦ Зебра, кат 4/ 13:00) Скопје – Шести Медиумски ден“ во рамки на кој средношколци ќе ги посетат МРТ, ТВ 21, Радио МОФ, ТВ Плус, ТВ Тера, ТВ Вис, ТВ Сител и МИА, во организација на Институтот за комуникациски студии. (настанот може да се следи на социјалните мрежи преку хаштазите #КористиФакти и  #МедиумскиДен2022.) Скопје – Меѓународен состанок на групата на Европски истражувачи кои заедно работат на зајакнување на гласот на децата во акумулирање на податоци и знаења за злоупотреба и занемарување на деца, во организација на Коалицијата на младински организации СЕГА. (х. „Континентал“, изјави за медиуми/ 10:00) Скопје – Здружението за заштита на пациенти со хередитарен ангиоедем – ХАЕ Македонија, со поддршка од сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, организира едукација на тимовите од ноќната служба и службата за Брза помош од здравствените домови, за реткото заболување хередитарен ангиоедем  - ХАЕ. (Млади хаб – Скопје/ 10:00 – 12:00) Скопје – Прес-конференција на здруженијата „Но пасаран“ и „Стоп за грабежот“. (пред Министерството за правда/ 11:55) Брежани – Отворање на Планинската куќа Брежани, реконструирана во рамки на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“. (с. Брежани, општина Дебрца/ 11:30) Куманово – Петти меѓународен сам на органски и традиционални производи „Органска трпеза“ 2022 и Прв меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „АГРО МАК“ 2022. (Спортско рекреативен комплекс/ 9:00 – 18:00) Скопје – Дискусија за препевот како посебна вештина во преводниот занает и промоција на мултијазичната збирка поезија „За една кратка урбана љубов што стравуваше да се нарече себеси така“ од Елена Пенџова. (КИЦ, Салон Империјал 1/ 19:19) Скопје – Конференција „Време за ресетирање - Предефинирање на моќта на заедниците преку креативен активизам и ангажирана уметност“, организирана од Центарот за современи уметности – Скопје и Фондацијата Отворено општество – Македонија. („Јавна соба“/ 19:00) Скопје – Прес-конференција по повод есенската премиера на претставата „Така зборуваше Гертруда“. (Драмски театар Скопје/ 12:00, изведба на претставата/ 20:00) Скопје – Концерт на виолинистот Клаиди Сахатчи (концерт мајстор на оркестарот на Тонхале во Цирих) во рамките на петтото издание на фестивалот на камерна музика „Скупи КамерФест“. (Национална филхармонија на Северна Македонија, камерна сала/ 19:30) Скопје – Прес-конференција посветена на најновото издание на  МФФ Киненова. (EUROPE HОUSЕ/ 10:00) Скопје – Промоција на романот „Библиотекарката од Аушвиц“ од шпанскиот писател Антонио Г. Итурбе. (ЕУ инфо-центарот EUROPE HОUSЕ/ 17:00) Виница – Промоција на стрип албумот „Ægri Somnia“ на стрип-авторите Дарко Богданов (цртеж) и Александар Стеванов (сценарио). (Дом на културата „Тошо Арсов“/ 19:00) Кочани – Втора самостојна изложба „Вера, Надеж, Љубов“ на ликовниот уметник Нада Ѕмбова Донева. НУЦК „Бели Мугри, фоаје 2, кат 2/ 19:30) Битола – Изложба „И јас сум тука“. (Центар за култура, фоаје/ 19:00) Скопје – Прес-конференција на организаторите на Виз Ер Скопски маратон. (х. „Парк и СПА, ресторан Фор/ 12:00) ______________________________________________________________________***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан