• недела, 06 октомври 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД
7 октомври 2020  Скопје - Европскиот комесар за соседство и проширување на Европската Унија, Оливер Вархеjи во посета на Република Северна Македонија. - Еврокомесарот Вархеји ќе се обрати пред пратениците во Собранието на Република Северна Македонија во рамки на 17. седница. (Собрание на РСМ, Голема сала/12:00) - Премиерот Зоран Заев и еврокомесарот Оливер Вархеји ќе одржат прес-конференција по билатералната средба и свечената седница на Владата. (11:20) Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала „Борис Трајковски“/10:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за надворешна политика. (Сала „Борис Трајковскки“/11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/15:30)

Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе врачи решенија на 11 компании основани и управувани од жени кои што се добитници на финансиска поддршка од Министерството за економија за Мерката - Субвенции за поддршка на жени претприемачи. (Изјави за медиуми пред влезот на Министерство за економија/13:00)

Скопје - Регионален онлајн дијалог за Европа и Централна Азија за заедничка акција во врска со КОВИД-19 во организација на ФАО. (Youtube/10:30)

Скопје - Фондацијата Отворено општество-Македонија и Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ ќе го одбележат Меѓународниот ден на учителот Speech4Teachers. (х.„Александар Палас“,надворешна сала, изјави за медиуми/13:00)

Скопје - Црвен крст по повод „Светскиот ден на бездомништвото ќе подели 80 хуманитарни пакети со храна и средства за заштита и дезинфекција од Ковид- 19. (Момин Поток, пункт за бездомници/10:30) Скопје - Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, претседателката на Јадро асоцијацијата, Искра Гешоска и претседателот на асоцијацијата и претставник на Советот за соработка и равој на граѓанискиот сектор, Јане Чаловски ќе одржат прес-конференција за презентација на просторот и моделот на институцијата Културно – социјален простор „Центар Јадро“. (Пред платото на КСП – Центар Јадро, ул.„Алберт Ајнштајн“ бр.2 /11:00) Скопје - Онлајн конференција  на тема „Што придонесува за смртност кај доенчињата и какви мерки се потребни за унапредување на здравјето на жените, мајките и децата?“ во организација на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ. (Платформа Zoom https://us02web.zoom.us/10:00) 

Скопје - Научна среда „Влијанието на Ковид-19 врз светот на работата“ во организација на Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања (ИСППИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. (Платформа Zoom, https://bit.ly/30smDDe/18:00)

Софија - КИЦ на РСМ ќе одржи промоција на книгата „Излегов“ на Отец Пимен на деветтото издание на Европска Ноќ на Литературата. (MOVE.bg, ул. „Сердика“ 20, сп. 1, „Црвена сала“/18:00) Скопје - Камерен концерт на Даниел Апостолов - фагот и Катерина Костадиновска - пијано. (Музеј на македонска борба/20:00) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***  

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан